Атина - Привременото затворање на продавницата за играчки „Џамбо“ во Македонија стигна до Европската комисија во Брисел. Грчките европратеници од Нова демократија, Јоргос Кумуцакос и Костас Пупакис, побарале во новиот извештај за напредокот на државата да стои забелешка дека Македонија има некоректен однос спрема инвеститорите поради проблемите кои државните органи им ги прават на новите од Грција.
Според поплаките, се работи за очигледно злоупотребување на законот и непропорционалност меѓу прекршокот и казната за европска компанија во држава-кандидат. Ова не е прв пат да се има ваков однос во Македонија кон инвеститори од европски држави, тврдат тие. Кумуцакос и Пупакис побарале од Комисијата и од Европскиот совет да преземат соодветни чекори во Македонија во иднина да нема вакви пречки за европските инвеститори.
„Џамбо“ е на стенд-бај две недели, бидејќи, според грчките европарламентарци, од околу 20.000 производи, само шест биле без соодветни етикети на македонски јазик. (М.П.)
a ne vna e, sto mislat oni , od sekogas sme bile nie za niv red i drzava.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.10.2010 17:54:32
Ме чуди да само еден го осуди потезот визави ,,Џамбо,,.А само еден иронизира ако не се лажам,ако е ок тогаш се извинувам.Никој не коментира со одобрување за потезот за заштита на нашиот јазик а првенствено што немањето декларација доведува до забуна кај потрошувачите.Не се знае ни од што се состои ни како се користи производот.Малкумина вероватно го осудуваат ваквиот чин и богати ги нервираме соседите.
Од: Mitko
Датум: 15.10.2010 19:14:46
e pa ajde sega A1 sto frli drva i kamenja deka vlasta go tolerira Jumbo, sega pak ke ja kritikuva poradi samarot od Evropa... demagogija na kvadrat...
Од: exorcist
Датум: 15.10.2010 21:19:48
Uste edno do scenarijata za sprecuvanje na privatni investicii vo drzavata i blokiranje na vlez vo EU.. Kako i da e koalicijata sdsm-dpmne si gi odbrojuva denovite, potao sledi cistka..