САД гледаат големи можности за Балканот
„Посетата на американската државна секретарка Хилари Клинтон на Балканот е знак на приврзаноста на САД кон регионот и неговата интеграција во Европа“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Филип Кроули.
„Посетата на Клинтон на Балканот ја истакнува нашата приврзаност кон регионот и неговата интеграција во Европа. Нејзината порака во Сараево, Белград, Приштина беше иста - морате да ги надминете постојните тензии и историските поделби“, истакна Кроули на прес-конференција во Вашингтон.
Портпаролот на Стејт департментот рече дека пред земјите од Балканот стојат големи можности во смисла на членство во Европската унија и во НАТО, н�� додаде дека постојат и одговорности што тие земји треба да ги преземат.
„Следните чекори се да се тргне напред кон ставање крај на постојните поделби во тие општества преку дијалог, кој во случајот на Србија и на Косово може на крај да доведе заемно признавање“, додаде Кроули. (MИА)
|