Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Мандат на кредит

Сања Наумовска

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, си посака втор мандат. Не за друго, туку за да ги врати кредитите со кои ќе ги гради катните гаражи. Таман кога го нападнаа дека се задолжувал со грејс-период од две години за да го намести својот наследник да ги плаќа ратите, Трајановски си смисли соломонско решение, ќе си остане во фотелјата. Око не му трепна и пред целата јавност сам си рече дека сака уште еден мандат. Ќе се жртвува да не оштети некој друг, па тој самиот ќе си брцнува во буџетот и со парите на скопјани ќе ги отплатува гаражите. Сигурно е дека ќе му биде мачно да плаќа, а граѓаните да му фаќаат сеир.

Градот Скопје ќе зајми осум милиони евра од банка за да направи две катни гаражи во центарот на градот. Дел од парите ќе ги врати со продажба на деловниот простор, но најголем дел ќе треба да се платат од буџетот. Отплатата треба да почне токму на крајот од мандатот на Трајановски. Тој ќе ги изгради објектите и ќе си ги впише како заслуга, а следниот што ќе седне во неговата фотелја ќе ги плаќа сметките.

Освен ако не се оствари замислата на градскиот татко. Да си заседне уште четири години. Можеби на следните избори ќе не' изненади со уште поголема програма од претходната „Заедно за Скопје“. Во првата има стотици различни планирани проекти, со кои им ги освои срцата и гласовите на скопјани. Иако идејата за изградба на катни гаражи не доаѓа изворно од програмата, туку од повисоко ниво, сепак, заслугата ќе биде на градската власт. И обврската да плаќаат долгови, се разбира. Затоа во новата програма Трајановски можеби ќе ги вметне и веќе направените објекти за кои се задолжил со кредити. Со нив сигурно ќе им ги освои џебовите на граѓаните.


#
Статијата е прочитана 913 пати.

Испрати коментар

Од: CITATEL OD PRILEP
Датум: 15.10.2010 15:02:38
Nisto neka ne ve cudi. Dobro poznata praktika na gradonacalnicite od VMRO - DPMNE. Toa e skola od Gligor Ivanoski gradonacalnik od 1996-2000 godina. Istiot davase akceptni nalozi bez pokritie, bez javni nabavki i sl. A seto toa go plakase Saso Pirganoski. Smetkata na komunalnoto oddelenie bese blokirana za budjet od 4 godini. A taka ke bide se dodeka ne se najde sudija sto ke gi osudi vistinskite kriminalci a ne da sudi po naracka.

Најди! во Утрински
Втора страница
МПЦ ќе почека на српските владици
„Џамбо“ во извештајот на ЕУ за Македонија?
Вербатим
Истекува мандатот на Ивановски
САД гледаат големи можности за Балканот






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy