Рејчел Вајс
Британката заштитно лице на „Булгари“
Британската актерка Рејчел Вајс е ново лице на италијанската компанија „Булгари“, за која позирала во рекламната кампања за мирисот „јасмин ноар“.
Актерката неодамна го заврши снимањето на фотографиите што имаат „заводлива и префинета будоарска аура“. На јавноста ќе и' бидат претставени ��о август.
Добитничката на „Оскар“ за епизодна улога во „Грижливиот градинар“ минатиот месец во Њујорк се омажи за Даниел Крег, најпознат по улогите во филмовите за Џемс Бонд.
Рејчел Вајс и Крег неодамна играа сопружници во трилерот „Куќа на соништата“, кој наскоро пристигнува во кината.
Во кампањата на куќата „Булгари“ порано се појавуваа Џулијан Мур и Кирстен Данст. |