По ваш вкус
Сладолед од малини
ПОТРЕБНО Е:
l 400 г свежи малини
l 3 лажици шеќер во прав
l 1 лажица сок од лимон
l 250 мл слатка павлака
l 2 ќесички ванилин шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1 Измијте ги малините, а потоа измиксирајте 350 г во блендер.
2 Во добиената каша додадете го шеќерот и сокот од лимон. Со миксер изматете ја павлаката, додадете го ванилиниот шеќер, кашата од малини и мешајте се' додека не добиете глатка маса.
3 Добро изладете го во фрижидер, а пред служењето декорирајте со остатокот од малини. |