Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Дваесет години затвор за убиството во „Амнезија“

КУМАНОВО – Дваесет години затвор за 27-годишниот Бранислав Ангеловски поради убиството во кумановската дискотека „Амнезија“, кое се случи на 14 јануари годинава. Ваква пресуда донесе вчера Основниот суд во Куманово, кој на тројцата соучесници во убиството на 26-годишниот Горан Петковски им изрече условни казни.

Казна за помагање во извршување на делото од една година условно доби Александар Ѓорѓиевски, додека Слаѓан Симоновски е осуден на една година и четири месеци затвор за учество во тепачка и спречување службено лице во извршување на должноста. Малолетникот што учествувал во инцидентот ќе биде под засилен надзор од службите на Центарот за социјални работи.

Во образложението на судската пресуда стои дека првообвинетиот Бранислав го лишил од живот Горан Петковски (26) на 14 јануари годинава во кафулето ,,Амнезија‘‘ во Куманово со четири истрели од пиштол и ранил еден полицаец, припадник на единицата ,,Алфи‘‘. На убиството му претходела расправија во кафе-барот што подоцна се претворила во општа тепачка. Настраданиот Горан, како обезбедувач на кафулето, по телефон побарал интервенција на полициските ,,алфи‘‘, кои веднаш пристигнале на местото на инцидентот. Во текот на расчистувањето на тепачката, некој од групата му нанел повреди по главата со стаклено шише на обезбедувачот на кафулето, а потоа првообвинетиот Бранислав извадил пиштол и со четири истрели го лишил од живот. До правосилноста на решението, првообвинетиот Бранислав Ангеловски ќе остане во притвор. (Ст.Б.)


Статијата е прочитана 807 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Апелација ги потврди пресудите за Бродец
Метaлна плоча усмрти работник во „Макстил“
Кумановец се задушил во пожар
Осумнаесет месеци затвор за измамник
Лажна тревога за бомба испразни училиште