Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Апелација ги потврди пресудите за Бродец

Апелациониот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за 17-темина обвинети за тероризам што беа уапсени лани во ноември во акцијата „Планинска бура“ во тетовското село Бродец. Според неофицијални информации од судот, одлуката веќе е преведена, но се' уште не е препратена до Основниот суд Скопје 1, кој ја донесе пресудата. Во средината на јули годинава, Основниот суд донесе одлука со која на уапсените во Бродец им се одредуваат казни од речиси 200 години затвор. Максималните казни од по 15 години затвор ги добија водачите Лирим Јакупи -Нацист (29) од Бујановац, Фатос Алијај - Тоси (31) од Шенгин, Албанија, Амир Сопа (30) - командант Голема Дреница од Дреница, Косово и скопјанецот Метин Ислами (27) со прекар Талибани.

Хебиб Амети (27) беше осуден на 12 години, со напомена дека против него во тек е уште една кривична постапка за кривично дело убиство. Останатите дванаесетмина обвинети, главно жители на истото село, добија десетгодишни затворски казни. Групата беше осудена поради членување во терористичката група, но и за поседување тешко вооружување. (Х.Р.)


Статијата е прочитана 451 пати.

Испрати коментар

Од: dukopandurmakedon
Датум: 10.12.2008 12:41:37
sramota za makedonsoto sudstvo tie kazni se dobivaat za sitni delikti a za terorizam po 100 ili 150 godini za sekoj?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Метaлна плоча усмрти работник во „Макстил“
Дваесет години затвор за убиството во „Амнезија“
Кумановец се задушил во пожар
Осумнаесет месеци затвор за измамник
Лажна тревога за бомба испразни училиште