Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Царината ги презеде граничните премини

На граничниот премин Табановце завчера се изврши официјално примопредавање на надлежноста во однос на стопанисувањето со граничните премини од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Царинската управа.

„Царинската управа, покрај тоа што ќе се грижи за објектите, ќе се грижи и за поквалитетно извршување на услугите на лицата што ја минуваат границата“, рече директорот на Царината, Ванчо Каргов.

Според него, по донесувањето на правилникот за висината на надоместоците, укинати се неколку надоместоци, како што се вагање на возилата и користење на паркинг-просторот. Се воведува само еден надоместок во износ од илјада денари за влегување на граничните терминали.

„Со примопредавањето започнува и трансформирањето на ЈП кое ќе треба да заврши до крајот на годината, а Царинската управа ќе продолжи со обнова на граничните премини“, рече директорот на ЈПССДП, Ивица Конески.

Царинската управа, како што беше најавено, ќе подготви стратегија за развојот на граничните премини, што во преден план ќе ја има модернизацијата на граничните премини. (МИА)


Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Грчките инвеститори во Македонија ќе се повлечат?
Земјите од Балканот треба да соработуваат на енергетски план
Французите го штедат бензинот
„Луфтханза“ ја шири својата мрежа