Број 3289  вторник, 25 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

И Волстрит ги чувствува ударите на кризата во Европа

Кога американската економија го прослави новиот почеток и подем, од другата страна на Атлантикот, пристигнуваат една по една лоша вест

На светските финансиски пазари владее хаос. Содома и Гомора. Се поставува прашањето дали е време за нова реформа на финансиските пазари? На паркетот на њујоршки Волстрит владее тензично расположение. Расположението што беше присутно во изминатите 14 месеци се распрсна. Трговецот Џејсон Вајсберг секое утро нервозно гледа каков е најновиот развој на ситуацијата: „Гледам како се движат девизите и цените на златото. Курсевите, иако тоа звучи малку како теорија на заговор, ми покажуваат дека еврото нема да успее“, смета Вајсберг.

Пред половина година за две евра се добиваа три американски долари. Од почетокот на грчката катастрофа европската валута има надолен тренд. Психолошката граница од 1,25 долари за евро е одамна пречекорена надолу. Нервозни се и трговците.

„Ги гледам двете работи, се шпекулира при трговијата со девизи и ЦДС-пазарот. Во петокот имаше гласишта дека рејтингот на Франција ќе биде спуштен. Неразбирливо, но на Волстрит и во несфатливите гласишта има нешто“, вели трговецот Артур Кешин.

На Волстрит значително се чувствуваат ударите од Европа. Сите се прашуваат дали Франција, исто така, може да банкротира. Сега кога американската економија го прослави новиот почеток и подем, од другата страна на Атлантикот, од Европа пристигнуваат една по една лоша вест. Јасно е зошто пред две седмици, кога Дау Џонс-индексот изгуби илјада процентни поени, а курсевите за неколку минути драстично се спуштија, за веднаш потоа да закрепнат, прво беше обвинета Грција:

„Протестот на Грците против мерките за штедење, потоа пакетот за спас на Европејците, сето тоа создаде почва за нервоза на пазарот. На американската економија, всушност, добро и' оди, но океанот меѓу двата континента како веќе да не постои. Сега се чувствува повратниот удар од Европа, кој до пред неколку години немаше да се почувствува“.

Со акции и со други хартии од вредност се тргува во цел светот. Затоа е потребно регулирање на меѓународните финансиски пазари. Ако се спроведе реформа само за САД, тоа за Волстрит ќе значи огромна слабост во меѓународната конкуренција.

Притоа, како што вели Џејсон Вајсберг, не треба да се регулираат класичните берзи на акции:

„Не ни е потребна построга регулатива, туку подобра. Пазарот на акции во Њујорк е најтранспарентен пазар на светот. Ние не шпекулираме на курсеви што паѓаат. Се' е отворено и транспарентно на Волстрит. Кој ќе го напушти ова опкружување, тој лови во неконтролирани води“.

Тод Гордон не тргува ниту со т.н. убиствени хартии. Тој е трговец со девизи и стратег во „Гејн капитал груп“. Тој не сака регулирање на неговиот пазар дури и во време кога цели држави банкротираат и кога еврото паѓа.

„Дали еврото беше преценето? Се разбира, да. Централните банки печатеа пари за да ја спречат кризата и еврото од тоа профитираше. Пазарите треба сами да се порамнат. Тие сами ќе најдат фер цени за хартиите од вредност“, вели Гордон. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 465 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Колку Македонците ги применуваат светските банкарски практики
Македонија со најголема невработеност во регионот
Повторно штрајкуваат вработените во „Бритиш ервејз“
Бугарите најпогодени од кризата
Земјите што не се врзани за еврото пребродуваат полесно
Подготовки за штедење
Романците ќе ги разгледуваат инвестициските можности
Се кастри буџетот за десет милијарди евра