Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

За гостиварски „Охим-гес“ единствена надеж е платината

Фабричките печки згаснаа во 2005 година, а работниците станаа технолошки вишок

Киро Кипроски



ГОСТИВАР - Единствена надеж на 200 работници од гостиварската фабрика за безалкални стаклени влакна и финални производи „Охим- Гес“ да ги добијат платите и да им се платат придонесите за повеќе од 50 месеци е продажбата на 150 килограми платина. Моментната пазарна вредност на платината што се наоѓа во трезорот на фабриката е над 10.000.000 евра.

Во мај 2005 година фабричките печки згаснаа, а работниците беа прогласени за технолошки вишок и пријавени во Агенцијата за вработување - Гостивар. Тие штрајкуваат повеќе од четири години и ја чуваат платината како најголемо богатство.

Според Сребре Николоски, претседател на Штрајкувачкиот одбор, изминатите четири години имало повеќе обиди од разни институции и фирми да ја земат платината, наводно, за да го наплатат долгот од „Охим-гес“. Но, тоа досега не им успеа. Вработените со жив штит не дозволуваат никој да им ја земе платината, која има голема вредност, бидејќи со продажбата можат да се покријат сите нивни побарувања.

„Последниот ден од август, извршителот со полициска асистенција успеа од фабриката да одземе 80 тони стаклена маса, во вредност од 160.000 евра“, вели Павле Игњатовски, член на Штрајкувачкиот одбор, со што присилно го наплати долгот кон „Морава комерц“ и АД „Охис“, двете фирми од Скопје.

Основниот суд Гостивар, на 31 март годинава, донесе решение кое забранува „Охим-гес“ АД Гостивар да оттуѓува недвижен и подвижен имот, со цел обезбедување на побарувањата на тужителите, како и заштита на државниот имот.

Од Штрајкувачкиот одбор објаснуваат дека на 1 септември ставиле печат на решението, кое е правосилно. Со тоа, до конечната судска одлука никој нема право да го раскрчмува имотот на фабриката, односно да ја земе платината. Инаку, 51 отсто од фабриката се сопственост на ЈП за стопанисување со деловен и станбен простор на Македонија, а 49 проценти им припаѓаат на „Охим-гес“ и на „Охис“.

Вработените, кои пред четири години беа прогласени за технолошки вишок, досега не добиле ниту денар, огорчено зборува претседателот на Штрајкувачкиот одбор, Сребре Николоски.

„Разврска за нашиот случај не гледаме. Тоа ќе потрае уште долго. Тужбите се заглавени во судските лавиринти. Има многу заинтересирани да ја земат платината од фабриката. Тоа е и најголемиот проблем да се решат тужбите на работниците“, заклучува Николоски.

Рајко Гроздановски, кој со уште осуммина работи во службата за физичко и техничко обезбедување на фабриката, се пожали на лошите услови за работа. Во стражарницата нема струја, вода, телефон..., а плати не виделе лани од декември.

 


#
Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар

Од: verag
Датум: 07.09.2009 11:01:39
И(м пожелувам да успеат во тоа, но не верувам. Кај нас работникот е на последно место, прво ќе се исплатат сите останати а дали ќе остане нешто за нив/ Најмногу ме зачуди полициската асистенција за извршителот,иако има судско решение за времена мерка. На нашате полиција како да не и грижа за законите.
Од: jovan
Датум: 07.09.2009 14:51:20
Neka ne se nadevaat mnogu. Stom i udrile merak, kaj i da e ke ja "stopat"

Најди! во Утрински
Македонија
Брана ќе ја скротува Оризарска Река
Трагедијата го одложи „Тиквешки гроздобер“
Врволица на Кораб