Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Трагедијата го одложи „Тиквешки гроздобер“

КАВАДАРЦИ - Бродската несреќа во Охридското Езеро ги одложи сите програмски активности од туристичката и културната манифестација „Тиквешки гроздобер“, предвидени за вчера. И кавадарчани сочувствуваат со семејствата на загинатите во трагедијата. Организаторот на манифестацијата постапи во согласност со владината одлука, вчерашниот ден да биде ден на жалост во цела земја.

Винскиот карневал и сите други содржини се предвидени за денеска, во претходно закажаните термини. Кавадарци одбележува 65 години од ослободувањето. Вечерва ќе се одржи свечена седница на која ќе се додели наградата „7 Септември“ на приватното претпријатие „Кожувчанка“, над-р Ристе Шкрековски и НВО „Зона“.

Вчера во Кавадарци пред илјадници граѓани само продефилираа околу 500 мотоциклисти во рамките на релито „Независна Македонија“.

Винскиот боемски фестивал на кој се презентираа и се дегустираа вината на тиквешките винарски визби беше отворен во петокот. Концерт одржа група „Паркети“. Кавадарските кафулиња во знак на гроздоберскиот празник служеа вино и ракија по набавни цени. Во дискотеката К7 на градскиот базен беа избрани крал и кралица на гроздоберот.

Во саботата најмладите имаа можност да ги претстават своите желби и фантазии во рамките на детскиот гроздоберски карневал, кој го следеа неколку илјади граѓани. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 1013 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Брана ќе ја скротува Оризарска Река
За гостиварски „Охим-гес“ единствена надеж е платината
Врволица на Кораб