ГОСТИВАР - Над 2.000 планинари и љубители на планината од Македонија и од дваесетина држави вчера учествуваа на 18. традиционално масовно искачување на Голем Кораб (2.864 м), што се организира во чест на 8 Септември, Денот на независноста.
Од раните утрински часови вистинска врволица на Кораб. Групи планинари, како што пристигнуваа со автомобили или со автобуси во месноста Штировица, на подножјето на планината Кораб, на надморска височина од 1.280 метри, веднаш почнуваа да се искачуваат.
Ниту густата магла, ниту дождот и ниските температури не ги спречија планинарите во предизвикот да го освојат врвот. Глетката беше импресивна. Видливоста беше намалена на два метра. Но, на повисоките коти маглата стануваше се' поретка, а целосно ја снема на врвот. Гостиварскиот планинар Љубе Тасески изјави дека е восхитен од тоа што ниту еден учесник не се откажал од масовното планинарење.
Во зависност од физичката подготвеност и од возраста, планинарите ја минаа патеката долга 18.160 метри во двете насоки за осум часа, а активните планинари за три-четири часа. (К.К.)
Sekoja cest na site i na moite prijateli Zoki,Lile i Dare.
Me iznenadi Lile sto izdrzala do gore ama sepak e za pofalba.Pozz
Од: Vlatko
Датум: 07.09.2009 10:52:21
Chestitki po povod praznikot i do site koi shto se iskachija na najvisokiot Makednoski vrv. Samo edno da kazham, da bila vidlivosta do 2 metri mislam deka nema nikakvi shansi. Ova go kazhuvam od prichini shto go poznavam terenot, a novinarive neka ne predimenzioniraat.
Од: Stela
Датум: 07.09.2009 11:12:14
Висината на Голем Кораб е 2754 м.
Поздрав
Од: sasa.
Датум: 07.09.2009 11:19:41
seto toa bese ubavo no kakvi planinari se tie koi cekaat da bidat odneseni so avtobus ili da se vozat so kola a potoa da se falat kako se iskacile neznam kade toa samo kaj nas moze da se sluci
Од: cistacka
Датум: 07.09.2009 14:13:54
Mislam, lugje od dr drzavi idat da se kacat na vrvot.... a vie makedoncinja poim nemate kolku e ubavo gore, vrne, magla vremenski uslovi nikakvi- vredi se toa za cuvstvoto. Shto e sigurno sigurno e sedite si doma vo topla postela pred tv a drugi neka gi osvojovaat i neka im se voshituvaat na nashite ubavini.