Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Економија

ОКТА најголема, „Телеком“ најуспешен

Најголемите остваруваат 42,88 отсто од вкупниот приход, а најуспешните 53,50 проценти од добивката на сите стопански субјекти

Александрија Стевковска


ОКТА, ЕВН и „Макпетрол“ се трите најголеми македонски компании, а „Македонски телеком“, „Т-мобиле“ и „Камени мост комуникации“ се трите најуспешни во текот на минатата година. Тие, како и другите компании што најдоа свое место во публикацијата „200 најголеми фирми во Република Македонија“, чие седмо издание беше промовирано вчера, успеаја да опстанат и да работат и во услови кога економската криза го зададе најголемиот удар на нашата, но и сите други економии во светот. Според публикацијата, 200 најголеми компании што се најдоа на листата остваруваат 42,88 отсто од вкупниот приход, додека 200 најуспешни остваруваат 53,50 проценти од добивката пред оданочување на сите стопански субјекти во земјава.

ОКТА, и покрај тоа што регистрирала пад на при��одите за дури 37,7 отсто на годишно ниво, со остварениот приход од речиси 410 милиони евра во 2009 година го задржа водечкото место на листата најголеми компании во Македонија. „ЕВН Македонија“ се проби на второто место со остварен приход од 346,5 милиони евра, што претставува 15,3 отсто повеќе во однос на претходната година на сметка на „Макпетрол“, кој падна на третата позиција со остварен приход од 284,2 милиона евра, или 27,7 отсто помалку во однос на 2008 година.Четвртото место на ова листа го зазема ЕЛЕМ, со приход од 263,7 милиони евра, пред „Македонски телеком“, кој имал остварил 221 милион евра и „Т-мобиле“, кој реализирал 175 милиони евра.

На листата десет најголеми компании според реализиран приход во 2009 година, место избориле уште „Фени“, „Еуро табак“, „Тинекс“ и „Алкалоид“.

„Македонски телеком“ и годинава го зазеде првото место според остварената добивка, која изнесувала 105,7 милиони евра, што е за незначителни 0,8 отсто помалку во однос на 2008 година.

Второто место и' припадна на „Т-мобиле“ со остварена добивка од 66,7 милиони евра, а на трето место е компанијата „Камени мост комуникации“ со добивка од 60,5 милиони евра. Првата петорка според остварена добивка ја комплетираат „Усје“ со добивка од 26,8 милиони евра и рудникот „Саса“ со добивка од 26,7 милиони евра.

На листата најголеми компании според бројот на вработени се наоѓа ЕЛЕМ со 3.882 работници, пред „ЕВН Македонија“ со 2.730 и „Македонски шуми“ со 2.406 вработени.

„Компаниите што се најдоа на листата во 2009 година кога најмногу се почувствуваа последиците од глобалната криза, остваруваа приход и создаваа профит. Евидентно е дека меѓу нив не се само оние од најголемите индустрии, енергетиката, телекомуникациите, туку се повеќе има и од други сектори, како што се услуги, информатичка технологија, трговија“, нагласи министерот за економија, Фатмир Бесими, за време на промоцијата. За него книгата има цел да ја зголеми транспарентноста на нашите водечки компании, кои сочинуваат над 40 проценти од БДП.

Според Бесими, како и во бракот што се зајакнува по некоја криза, така и односот меѓу стопанствениците и државата е зајакнат по пребродената економска криза, а најдобар доказ за зголемување на соработката е издавањето на публикацијата за најголемите и најуспешните.

„Рангирањето на фирмите ќе придонесе за нивна поголема афирмација и привлекување на потенцијалните странски инвеститори“, додаде Бесими.

Тој изрази надеж дека следната едиција поконкретно ќе прикаже на што точно се однесува квалификацијата „најголеми компании“ преку податоци за бројот на вработени, инвестиции и развој, освојување нови пазари.

При рангирањето на компаниите се земени предвид показателите за вкупниот приход, нето-добивката, успешноста во рамките на дејноста, градовите во кои се лоцирани, како и споредбите со најголемите и најуспешните фирми во соседството – Србија, Хрватска и Словенија.

Публикација „200 најголеми фирми во Република Македонија“ ја изготви „Еуро бизнис центар ДОО–Скопје“ врз основа на податоците од Централниот регистар, со поддршка на Министерството за економија и има цел да ја прикаже вистинската позиција на компаниите на пазарот.


#
Статијата е прочитана 1314 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 16.10.2010 12:52:55
Како и да несе нај профитабилни.Едните само за такса земат 500.денари.Другите не трујат со деривати и плус вода внатре.

Најди! во Утрински
Економија
Исчезнаа 50 млн. евра странски инвестиции
Бизнисмените се плашат да зборуваат
Со стотка на час ќе се вози по пругата К-10






MEPs voice outrage over Romania's media policy
Hungarian parents paid to keep toddlers at home
Bulgaria deploys helicopters to hunt tax dodgers