Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Економија

Исчезнаа 50 млн. евра странски инвестиции

Нивото на странски инвестиции во земјава се стопи од 116,5 на 67,5 млн. евра, објави централната банка

Соња Маџовска



Драматично исчезнаа речиси 50 милиони евра странски инвестиции. Нивото на странски директни инвестиции во земјава за само еден месец се стопи од 116,5 милиони евра во јуни, на 67,5 милиони евра, заклучно со јули. Овој податок се должи на минусот од рекордни 48,7 милиони евра, стои на веб-страницата на Народна банка на Македонија.

Ова значи дека не само што нема нови вложувања туку само растат невратените побарувања и кредитите на странските компании што работат во земјава. Во јуни не влегла ниту една нова инвестиција ниту, пак, инвеститорите во земјава решиле да ја реинвестираат добивката или, пак, да го зголемат капиталот. Во јули драстично се зголемиле и должничко-доверителските односи преку меѓусебни позајмувања со нивните мајки-фирми. Според податоците од централната банка објавени вчера, во јули на свеж акционерски капитал и реинвестирана добивка отпаѓаат 6,8 милиони евра, но побарувањата на фирмите се зголемиле за 64,1 милион евра, а обврските за 8,7 милиони евра.

Во седумте месеци од годинава во земјава влегол нов странски капитал во висина од 80 милиони евра, но поради растот на побарувањата што се искачија на 92 милиона евра и обврските на странските компании кон нивните мајки-фирми од 79,5 милиони евра, нивото на вкупните странски инвестиции заклучно со јули изнесува само 67,5 милиони евра.

Овие бројки покажуваат дека 2010 година, дефинитивно, ќе биде најлоша година според влез на странски инвестиции. Во споредба со лани кога во првите седум месеци имаше влез од 112 милиони евра странски инвестиции, годинава за истиот период нивото е пониско за 45 милиони евра.

Минатата година ја завршивме со вкупно 181 милион евра, СДИ, но како што тргнало годинава, нема шанси да се стигне и оваа бројка. Никој веќе не верува во тоа дека инвестициите кај и да е, ќе дојдат и дека од праќањето промотори по светот има некакво фајде. Кај нас, всушност, наместо странските инвестиции, се множат само промоторите и промоциите на компаниите што само покажуваат интерес, но нема конкретна реализација.


#
Статијата е прочитана 2829 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 16.10.2010 12:50:36
Преродбата продолжувааааааааааааа.Во најатрактивната ЗЕМЈА за инвестици.
Од: Трпе
Датум: 16.10.2010 15:35:56
Ако го прашате Пастирот,тој ке гаже дека супер е.Дека и волкот е сит а и овците се на број.Ако не го прашате е тогаш самиот ке се јави и веднаш ке каже де ка има планирано и дека ЌЕ,Ќе ќе дојдат некогаш.А дали се спомнати делумните инвестици од италјанските леарници,или тоа е увоз,на готови производи.
Од: јас
Датум: 16.10.2010 20:38:23
А тек каква ќе биде 2011 ???Само ако останат овие партали на власт!
Од: Феличита
Датум: 16.10.2010 21:35:02
А што ли ќе беше ако Пастирот не беше магистер по странски инвестиции?
Од: Simo
Датум: 16.10.2010 21:45:55
More mi tekna nesto dodeka go citav textov. Zosto Utrinski nisto do denes ne napisa, za okolu 600-700 milijardi dolari, donatorska konferencija, za vreme na Ljupceta Georgievski posle gragjanskata vojna vo MK vo 2001va? - Kako vcera da bese pametam, deka posle vojnata imase donatorksa konferencija na koja LjuBce izleze i rece deka sme specalile ses-sedumstoini milioni $. I od togas ni traga ni glas za tie parishta debeli. Gi dobivme ili ne? - Ili nekoj majtap praese so nas. Ako stasale, Kade se sega? - Ako gi nema, koj gi lapna? - Ili pa jas ne sum razbral dobro zasto sum od tugjina...
Од: krila
Датум: 17.10.2010 16:21:49
prasajte gi branko i grujo ke vi kazat kaj se parite.. edniot so tranzicijata drugiot pak si ja prevede na nase - prerodba..
Од: zoro
Датум: 18.10.2010 03:10:32
arno da bea samo 50 milioni!!! ama kolku milijardi profukaa proslite 20 godini site apasi od 92-ra pa se do den denesen!!! zalosno i tragicno!!!!!!!!
Од: зоки
Датум: 18.10.2010 08:49:27
Ги нема кога ние не знаеме и тоа што го имаме да го искористиме како што треба.

Најди! во Утрински
Економија
ОКТА најголема, „Телеком“ најуспешен
Бизнисмените се плашат да зборуваат
Со стотка на час ќе се вози по пругата К-10






MEPs voice outrage over Romania's media policy
Hungarian parents paid to keep toddlers at home
Bulgaria deploys helicopters to hunt tax dodgers