Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Економија

Со стотка на час ќе се вози по пругата К-10

Со пари од ЕБОР во висина од 17,6 милиони евра, ќе се модернизираат 53 километри железничка пруга по Коридорот 10

Додека во светот возовите летаат со брзина на светлината, кај нас е дострел што во 2013 година по македонските пруги возовите ќе возат со стотка на час. Министерот за финансии Зоран Ставрески вчера го потпиша договорот со Европската банка за обнова и развој за кредит во висина од 17,6 милиони евра, со кој ќе се модернизира железничката пруга на Коридорот 10, што претставува инвестиција во железничкиот сообраќај по 50 години стагнација. „Според пресметките на стручните лица од Министерството за транспорт и врски, со инвестициите и со реновирањето на пругата на овие 53 километри ќе се овозможи да се забрза протокот на стоки, односно брзината на возовите на овие секции ќе се зголеми од сегашните 50 километри на околу 100 километри во просек“, истакна Ставрески. Со заемот од ЕБОР ќе се обновуваат 53 километри пруга по должината на делниците Табановце -Куманово, Ногаевци - Не��отино и Миравци - Смоквица.

Тие опфаќаат само од седум до осум проценти од вкупната должина на железничката пруга во Македонија што изнесува 700 км. Модернизацијата на пругата треба да почне во средината на 2011 година и да заврши до 2013.

Министерот Ставрески најави дека со ЕБОР се разговара и за нови проекти во железничката инфраструктура, како што е железничката пруга кон Бугарија, како и за обезбедување финансиска поддршка за набавка на нови локомотиви и вагони. Според него, оваа инвестиција во главната железничка мрежа што е дел од трансевропскиот коридор е од исклучително значење за македонската економија. Средствата од ЕБОР се добиваат со рок на отплата од 15 години, грејс-период од три години и каматна стапка од еуролибор плус еден процент, што во моментов е околу два процента. Директорката за транспорт на ЕБОР, Сју Барет, истакна дека покрај овие средства, за реализација на овој проект банката обезбедила и грант од 1,2 милиона евра од посебниот акционерски фонд, Централно-европската иницијатива, заедно со владите на Франција и на Германија. „Овој проект е прв заем на ЕБОР во железничкиот сектор и шести во транспортната. Вкупните средства што се доделуваат за финансирање во транспортниот сектор во Македонија изнесуваат 140 милиони евра. Во моментов ЕБОР треба да одобри 100 милиони евра за патниот сектор во Македонија за надградба на Коридорот 10, што ќе се работи заедно со ЕИБ и ЕУ и се очекува договорот да биде потпишан во 2011 година“, најави Барет. Покрај соработката во областа на транспортот се работи и во други сектори, како што се гасификацијата, малите хидроцентрали, а се разгледува можноста и за финансирање на ХЕЦ „Бошков мост“, рече директорот на ЕБОР за Западен Балкан, Клаудио Вјезоли. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1013 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 16.10.2010 12:59:08
Море овој Ставре и запрежните коли ќе ги направи да летат.Само дајтему кредити.
Од: jas
Датум: 16.10.2010 16:55:25
kaj nas ne daj boze nesto arno da se sluci,odma ke bide plukano od opozicionerite,se e za na psihoanaliza
Од: јас
Датум: 16.10.2010 20:41:45
Какви подобрувања на пругите???Па тие парички баш добро ќе им „легнат “ на сметката на портикаливе..Има да ги „стопат “ за 2 дена ..А железницата , ке си биде пак на ниво од колонијална Индија !!

Најди! во Утрински
Економија
Исчезнаа 50 млн. евра странски инвестиции
ОКТА најголема, „Телеком“ најуспешен
Бизнисмените се плашат да зборуваат






MEPs voice outrage over Romania's media policy
Hungarian parents paid to keep toddlers at home
Bulgaria deploys helicopters to hunt tax dodgers