Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Груевски негира дека Грција ретерира

Атина и Скопје тактизираат околу можна средба во Њујорк

Премиерот Никола Груевски го отфрли тврдењето на маргиналниот грчки весник „То парон“ дека Атина отстапила од цврстиот став за ерга омнес во преговорите околу името и дека Нимиц подготвува нов предлог.

„Немаме добиено нов предлог од Нимиц, а од Грција немаме добиено што било дека се откажуваат од ‘ерга омнес’“, ��зјави вчера Груевски. Премиерот апелираше дека треба да се биде воздржан за прифаќање на тезите што ги објавуваат некои од грчките медиуми во врска со прашањето за името во овој период, бидејќи е можно оваа тема да се злоупотребува поради претстојните локални избори во Грција. „Историјата покажува дека ова прашање во Грција честопати се злоупотребува за разни шпекулации и особено овој период треба да бидеме порезервирани за пишувањата оттаму“, додаде Груевски.

Премиерот се' уште нема договорено средба во Брисел или Њујорк со грчкиот лидер Папандреу, но не ја исклучува можноста да се случи таа. Од друга страна, вчера грчкиот министер за надворешни работи, Димитрис Друца,с изјави дека планира средба со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк, а не ја негираше ни можноста да се сретне со македонската страна. Индикативно е што од Атина се тактизира со некаква можна средба на Друцас без јасно да се прецизира дека таа треба да се случи со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, а со оставање впечаток дека Друцас ќе биде „шеф“ околу спорот за името во Њујорк (патем. тој ќе се сретне и со Нимиц). па тој би му бил соговорник на Груевски.

Новиот грчки министер за надворешни работи потсети дека Грција се' уште чека Владата во Скопје да покаже политичка волја за компромис за изнаоѓање решение за името. Новиот владин состав не го менува ставот кон Македонија - Грција сака што побрзо да се најде решение за името за да се отвори патот кон Европската унија за нашата држава. Меѓутоа, како што напомена Друцас, и покрај добрата волја од грчка страна, сепак, мора да се почитуваат грчките познати ставови и барања за решението за името, практично, негирајќи индиректно напуштање на барањето за ерга омнес употреба.

Наспроти медиумските пишувања дека последните месеци Грција е под голем меѓународен притисок да направи отстапки и да се најде решение за проблемот со името, Друцас нагласи дека е постигнат успех на грчката дипломатија преку пренасочување на притисокот на македонската страна. Според него, меѓународните партнери преку запознавање на грчките позиции се убедени дека без решение на спорот за името не е можен почеток на преговори за Македонија со ЕУ.

На новинарско прашање дали може да се очекува решение за спорот до почетокот на Самитот на НАТО, грчкиот министер забележа дека Грција не се обврзува со рокови за решавање на спорот. Друцас истакна дека секогаш постојат временски рамки, но потсети дека во преговорите не би сакал да се води според временски рамки, туку од јасни позиции. „Ако нашите соседи одлучат да го разгледаат проблемот со отворен ум, ние сме тука со нашите ставови“, изјави Друцас. Коментирајќи ги изјавите на македонскиот премиер и министер за надворешни работи, грчкиот министер истакна дека ниту една негативна изјава од другата страна нема да им влијае за да се престане со напорите околу преговорите.

И покрај сите шпекулации за пробив во Њујорк, во Грција не се очекува никаква голема промена во спорот за името пред локалните избори. (T.Г.-М.П.)




#
Статијата е прочитана 1442 пати.

Испрати коментар

Од: Sasho
Датум: 16.09.2010 17:05:18
Prasanje za Koneski: sto e reterira?

Најди! во Утрински
Втора страница
Не е се' во парите
Данецот Петeр Соренсен наследник на Фуере
Вербатим
ЕУ бара да ги спроведуваме законите