Данскиот дипломат Петер Соренсен (43) ќе биде нов амбасадор на Европската унија во Македонија на местото на актуелниот шеф на делегацијата, Ерван Фуере, соопшти кабинетот на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.
Соренсен во март следната година ќе го замени Фуере, кој ја претставува ЕУ во Македонија од ноември 2005 година. Неговиот мандат два пати беше продолжуван по шест месеци.
Петер Соренсен беше личен пратеник на поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, во Белград и шеф на канцеларија на ЕУ во Косово, а важи за добар познавач на регионот.
Новиот амбасадор на ЕУ, практично, ја поминал цела последна деценија работејќи со регионот и според неговата биографија, повеќе е безбедносен и политички профил отколку претставник на администрацијата на ЕК. Соренсен има 43 години, женет е и има две деца. (Н.Р.)
abe ke dojde za doagjanjei so srekja neka mu e a i nas so nego, ama cekaj prvo ovoj da si se spakuva
Од: Komentator
Датум: 16.09.2010 12:40:50
Neznam...dali navistina ke se ratisame od gospodinot Fuere...toj vo Ohrid pustil korenja poveke od Klime ribarot...ama glavno da e politicka istorija ..a Danecot neka ja zeme onaa "formula danska "Da se bide ili Ne ..prasanje e sega pa i nesto da stori pozitivno za nasata kauza...Vo edno go molam komentatorot ..koj vcera ne(namerno)..se podpisa kako KOMENTATOR...vo idnina da da si stavi nekoj prefiks..da se znae koj e..mozebi delumno se slagam so negoviot komentar ama ispod cest mi e pa od koja i da.e partija premierot da go oslovuvam..kako so nego ovci da sum pasel..dajte malce pocit..da ne kazam SAMOPOCIT....!!!
Од: tatoo
Датум: 16.09.2010 12:56:55
Е ова не ќе да е на арно. Зошто доаѓа човек кој “цела деценија работел во Србија и Косово“? згора на тоа соработник на Солана за безбедносни прашања. Изгледа, по мене дека ЕУ сака да се заканува заради името. Дај боже да не сум во право.
Од: Seedno
Датум: 16.09.2010 13:03:36
Koj i da dojde kje si ja raboti rabotata za koja go praila EU.Problemot ne e vo pretstavnicite na EU,tuku vo nedokvakanite sto ni ja vodat drzavata!
Од: Zore
Датум: 16.09.2010 16:09:59
Aaa ,so kolku da go pocastime ovoj mlad i ambiciozen diplomat od kariera.Ke go podostarime edno 10 godini i ke mu go vratime na Solana zaedno da si potaguvaat.