Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Поглед

Не е се' во парите

Билјана Ангеловска

„Чекори на свое тло“, е мотото на најновата кампања на власта за откуп на дворовите по цена од едно евро за квадрат. „Гази по своите пари“ би бил слободниот превод на кампањата. Бидејќи, за жал, уште еднаш ќе бидат потрошени пари на граѓаните за нешто што е веќе познато, оти продажбата веќе е во тек. Зошто државата реши да спроведе кампања дури една година откако ја намали цената на квадратот градежно земјиште?

Кампањата чини 250.000 евра. Пресметано во земја тоа се 250.000 квадратни метри земјиште. Од Министерството за финансии сметаат дека парите нема да биле бадијала потрошени, бидејќи со кампањата ќе се зголемел процентот на откупени дворови. Колку реално ќе се зголеми тој процент, останува да се види. Поднесените 20.000 барања за откуп по минимална цена и не се толку многу со оглед на вкупниот број субјекти што имаат законска обврска да ги купат дворните површини. Оти тука спаѓаат не само дворовите на станбените куќи туку и на колективните згради, но и земјиштето на кое се изградени сите стопански и нестопански објекти.

Очигледно, на надлежните не им текна наместо да спроведуваат кампања, да ја поедностават процедурата. Досега веќе требаше да сфатат дека не е цената главниот фактор за малиот одѕив кај граѓаните. Компликуваната процедура е тоа што ги одвраќа луѓето да го започнат процесот. Сосема друго прашање е подготвеноста на институциите да одговорат на барањата на граѓаните.

На државата требаше да и' стане јасно дека најдобро ќе беше да ги вложи парите најпрвин за да ја заврши започнатата денационализација, а потоа да ги продава дворовите. Вака, и за џабе да го нуди земјиштето, тешко ќе го даде. Сепак, не е се' во парите.


#
Статијата е прочитана 1645 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 16.09.2010 12:57:15
E...sega edno prasanje do drzavata ...se prodavalo i zemjisteto na stopanski i nestopanski objekti..pa da prasam vo imeto na zelezarci staklarci . i najvazno .Ohisovci bidejki kao oni uste rabotat i imaat akcii ...dali i tie akcioneri imaat pravo po edno evro da go kupat zemjisteto bidejki se koosopstvenici so drzavata 49 odsto ako ne se krie i poveke...?? E...ajde sega odgovor...!!!
Од: Ali -Skopje
Датум: 16.09.2010 13:45:23
abe i bez majka i bez tatko se moze ama bez pari? Tesko..
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.09.2010 17:46:25
Види богати совет прва лига,прво демек требало да се доврши денационализацијата и во тоа да се вложеа пари па потоа откуп на дворовите.Еднаш некои не така одамна( пак историја )прво го приватизираа имотот па потоа правеја денационализација.Виножитните-помодрени коментатори вероватно се сеќаваат кој правеше така.Само ако сакаат историја ќе се сетат.

Најди! во Утрински
Втора страница
Данецот Петeр Соренсен наследник на Фуере
Вербатим
Груевски негира дека Грција ретерира
ЕУ бара да ги спроведуваме законите






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma