Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Државата на суд во Стразбур ако не изгради теќе на скопскиот плоштад

Во Владата немаат сознанија за барањето ниту, пак, сакаат да ги коментираат заканите за тужба

Деспина Трајковска

Дервишите од Македонија ќе ја тужат државата во Стразбур доколку не им изгради Вардали баба-теќе на скопскиот плоштад. Од верската заедница Светиот стол на суфиските еренлери на светот во Македонија сметаат дека целата постапка треба да се спроведе со одлука на премиерот Никола Груевски, како во случајот со изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“.

„Не може државата за едни да биде мајка, за други маќеа, а третите да се копилиња. Ако може МПЦ да гради црква на плоштадот и тоа со државни пари, да и' се ветува на ИВЗ локација за џамија, нормално е и ние да го бараме она што ни следува. Доколку властите и во овој случај не' игнорираат, дефинитивно ќе докажат дека вршат дискриминација на верските заедници, што е спротивно на декларирањата оти сме демократска земја“, вели Сербез Фазли, поглавар на Заедницата, која неодамна до Општина Центар достави барање за измена на ДУП на плоштадот за да се овозможи изградба на теќе во зеленилото спроти „Тренд“, наместо сега предвидениот хотел и административно-деловен објект. За барањето писмено бил информиран и премиерот Груевски, кој, како што тврди Фазли, се' уште на Заедницата не и' доставил никаков одговор.

Владиниот портпарол Мартин Мартиновски вчера немаше сознанија за барањето на дервишите, ниту, пак, сакаше да ги коментира заканите за тужба на државните власти во Стразбур доколку не изградат теќе на плоштадот „Македонија“ во Скопје. „Урбанистичкото уредување е во ингеренции на Општина Центар, а не на Владата“, кусо дополни Мартиновски.

Градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, завчера, пак, информираше дека допрва ќе го разгледа барањето и ќе донесе одлука дали врз основа на него ќе предложи измени на постојниот Детален урбанистички план. Со важечкиот ДУП во зеленилото спроти „Тренд“ сега има маркичка за изградба на хотел и на административно-деловен објект, а земјиштето е во приватна сопственост. Дали ќе се овозможи изградба на теќе на посочената локација, сепак, ќе зависи од конечната одлука на општинскиот Совет.


Статијата е прочитана 504 пати.

Испрати коментар

Од: mitko za ograniceniot prostor
Датум: 17.07.2009 01:23:00
Izgleda deka plostadot ke bide premal za site verski grupi. Zatoa ke treba da se zapocne so rusenje na nekoi objekti. Jas bi predlozil se da se srusi se vo ringot od Crven Krst do Soborna Crkva, taka ke moze da se oslobodi dovolno prostor za gradenje na dovolno crkvi i djamii i tekinja. Ke ima mesto ne samo za Sv-Nikola tuku i za Sveti Stavre-kumot i za Sveta Dance-Policajce crkva. I za Amdi Bajram Djamija.
Од: Ана
Датум: 17.07.2009 02:54:40
Што е ова,поздрави,желби и честитки??Ако е така,и јас ќе тужам ако не изградат Харе Кришна храм,сциентолошка црква и барем два племенски тотеми
Од: Trpe original
Датум: 17.07.2009 05:04:47
Fazli Serbez-najdovte selo bez kucinja pa zatoa najdovte-zajdovte.
Од: nekoj
Датум: 17.07.2009 09:22:32
A vo Strazbur ke se izraduvaat za dervisko teke, abe sto se zamisljaat ovie.
Од: Владимир
Датум: 17.07.2009 10:28:28
Дервишите се познати по повикување на ѓаволи и сатански сили, триста ѓаволи ќе молат да му изградат теќе на баал, Св. Троица да не даде да се изгради такво нешто тоа не е за ова православно поднебје, ниту ние Православните сме еднакви на некој кој му се поклонува на ѓаволот...
Од: Egipcanec
Датум: 17.07.2009 10:31:10
Ili piramida na plostad ili na sud u Strazbur.
Од: Risto
Датум: 17.07.2009 12:31:00
Do site verni na nivnite bogovi i gavoli i drugi,najdovte pa zajdovte,Gospodine Gradonacalnik na Skopje pod hitno najdi nekoj skrt za gradenje na verski objekti pa mi dojdovte preku glava so tuzbi i baranja,eve kako vo Brizbane Avstralia mozes da gradis verski objekt,prvin ke si kupis mesto kade zonata e odredena za takvi raboti so tvoi pari(Crkveni) a potoa ke izrabotis laborat vo koj site zakoni i od bog i od gavolot i ostanatite treba da gi ispolnis,3 e komsiite ako im smetas ke ti napravat poplaka i taka uste nekolku godini po sudovi za koi ke plakas ke ti odobrat da pravis verski objekt ama pazi da ne napravis nekoja ujdurma oti odma rusat i posle Jovo na novo i ti trebaat okolu 30 godini,aj na zdravje neka vi e gradenjeto.
Од: Trajko
Датум: 17.07.2009 13:20:56
Taka e toa koga samobendisanata i nesposobna vlada,sama na otvorena rana sol i stava.Mnogu pati vo ovie 3 godini ova vlada trchajki po rogovi i bez ushi ke ostane.
Од: Читател
Датум: 17.07.2009 13:51:21
Сега уште фали тука да се придодадат и Харе кришна - верници, сциентолози, методисти, протестанти,будисти, католици, бектеши, јеховисти итн.... Ова се вика домино ефект ! Каде ли ќе биде крајот ?

Најди! во Утрински
Политика
Иванов- Сите се заслужни за укинувањето на визите
Општинските обврзници се меч со две сечила
По аферата со поткуп, Екологија само електронски ќе издава дозволи
ЕУ и Ем-Ти-Ви со кампања за климатските промени