Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

ЕУ и Ем-Ти-Ви со кампања за климатските промени

ЕК сака да ги подготви младите за конференцијата што ќе се одржи во декември во Стокхолм

Европската комисија ги користи сите расположливи средства за едукација на граѓаните за борбата против климатските промени. Комисијата во соработка со музичката мрежа Ем-Ти-Ви ја започна кампањата „Играј за да сопреш - Европа за климата“, која ќе трае шест месеци и е насочена кон подигнување на свеста кај младите за опасностите од климатските промени. Преку овој проект ЕК сака и да ги подготви младите за конференцијата за климатските промени што ќе се одржи во декември во Стокхолм.

Програмската шема на кампањата, која ќе се спроведе во Бугарија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска, Романија, Шведска и Обединетото Кралство, вклучува телевизиски спотови, концерт на Моби во Стокхолм, плус два концерта со познати музички ѕвезди во Копенхаген и во Будимпешта, интерактивна веб-промоција и едиторијали за борбата со климатските промени.

Европскиот комесар за животна средина, Ставрос Димас, посочи дека младите најмногу ќе ги трпат последиците од климатските промени и поради тоа е неопходно да се влијае токму на оваа група која може да изврши притисок за промени. Конференцијата во Стокхолм, според Димас, е последна шанса да се донесат цврсти одлуки за справување со климатските промени пред да излезат целосно надвор од контрола.

Статистиките од истражувањата спроведени на ниво на ЕУ покажуваат дека за младите проблемите со климатските промени се проблем втор по големина, но само 51 отсто од нив на возраст од 15 до 24 години направиле нешто за борбата против климатските промени. Од ЕК се надеваат дека младите ќе станат посвесни за темата по дискусиите со свои врсници на теми за заштита на животната средина преку самата веб-страница на кампањата www.mtvplay4climate.eu , како и преку социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Мај спејс“.

На декемвриската конференција во Стокхолм ќе се работи на нов договор за справување со глобалните климатски промени што ќе го замени Протоколот од Кјото. ЕУ веќе спроведува политика за интегрирана енергија и климатски промени, со кои се надева до 2020 година да се намали за 20 проценти емисијата на гасови и потрошувачката на енергија преку користење нови извори на обновлива енергија. (М.П.)


Статијата е прочитана 123 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Државата на суд во Стразбур ако не изгради теќе на скопскиот плоштад
Иванов- Сите се заслужни за укинувањето на визите
Општинските обврзници се меч со две сечила
По аф��рата со поткуп, Екологија само електронски ќе издава дозволи