Субару се повлече од СП во рели

„Фуџи хеви индустрис“, производител на автомобилите „субару“, соопшти дека се повлекува од Светскиот рели шампионат поради глобалната економска криза. Тимот на Субару му се придружи на Сузуки, кој се откажа еден ден претходно, па сега во серијата нема јапонски автопроизводители. Со нивното повлекување борбата за конструкторската титула в година се сведува на дуел меѓу шампионот Ситроен и Форд, кој исто така има финансиски проблеми.
Основан во 1989 година, тимот на Субару триумфира меѓу конструкторите во 1995, 1996 и во 1997, а за него возеа некои од најдобрите рели возачи, како Карлос Саинз, Колин Мекри и Ричард Барнс. Годинава Субару го освои третото место во конкуренција на шест тима. |