Број 3282  петок, 14 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Култура

„Белата фаза“ на Мазев е родена во Бигорски

Катерина Богоева

„Белата фаза на Мазев се роди неочекувано во „Свети Јован Бигорски“. Одевме често на некој вид лични колонии во Нерези, во Скопска Црна Гора, по манастирите, и во Бигорски наеднаш, Мазев беше решил да се повлече од субјективниот ангажман, од афективната ситуација на експресиознизмот, да погледне околу себе, да допре се што е допирливо. И ги откри манастирските ѕидови, светлината на манастирските ѕидови на материјалите, гнилите дрва, огради, веќе ислужените парчиња, од кои структурирајќи ги, ја вадеше, и со кои ја потенцираше светлината, белилото и еден вид лирско милување на платното. Тука жестокоста од претходните сликарски периоди беше скротена, гестуалноста доведена под узди. Мазев помина на една структурализација, скоро геометриска, Мондријановски структуирана.

Тој ја негуваше секоја слика посебно, со еден вид тактилна и мирна еротика, со еден вид обожување на допирот, со еден вид фина обработка од која сликата остануваше цела, монументална, а секое нејзино делче беше исполнето со еден фин допир и светлина“ - рече меѓудругото сликарот Глигор Чемерски на отворањето на изложбата „’Белата фаза’ на Петар Мазев од експеримент до парадигма“, завчеравечер во Музеј на град Скопје. Замолен да каже нешто за големото сликарско име кое изврши значајно влијание врз генерации творци и почитувачи на уметноста, кои и во оваа прилика дојдоа во очекувано голем број, Чемерски кој е дел и од најтесното семејство на Мазев, повтори како и години наназат. „Петар Мазев беше грандиозна и инспиративна личност со огромен личен потенцијал, меѓутоа и со огромно внимание кон сите оние што ја сакаа уметноста. Неговата великодушност беше поддршка за многумина“.

Презентираните 23. дела од „белата фаза“ создавани од 1960 до 1971 година на едно место привлекоа публика од различни генерации, меѓу кои студенти на Мазев, денеска потврдени ликовни автори.

Еден од од нив, Благоја Маневски професор на Факултетот за ликовни уметност за прв пат и се сретна со неколку дела од помал формат на Мазев, дел од приватни колекции, за кои претходно само знаел дека постојат. По завршувањето на изложбата ја потенцираше својата радост, дека исклучително моќното и денеска свежо творештвото на Петар Мазев, по седумнаесет години од неговата смрт сеуште привлекува многу публика. Го нарече својот професор „исклучително редок автор и на светско ниво, со голема моќ и харизма“.

Маневски се сложи со кураторката на изложбата Соња Абаџиева Димитрова, дека Мазев влијаел и на неговото творештво. „Сега како веќе зрел автор можам да видам дека „бела фаза“ влијаела на мојот циклус дела „Симултана милозвучност“, на кој работев на крајот од моите студии, а со едно од нив и дипломирав пред комисијата во која беше и тој. Презентираните дела на изложбата се со исклучителен квалитет и ми го потврдуваат мислењето дека во тој период, создаваниот енформел на автентичен начин во Македонија, од страна на неколку познати автори, одиграл голема улога во ликовната уметност и дека може да се мери со енформелот од било која поголема земја во светот“.


#
Статијата е прочитана 418 пати.

Испрати коментар

Од: диме
Датум: 14.05.2010 09:49:06
Перо беше еден и единствен, Цар...како него не се раѓа веќе.

Најди! во Утрински
Култура
Расел Кроу приреди шоу на отворањето на Кан
„Академија на Медитеранот“ за Сретен Перовиќ
Театарска претстава според романот „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски