„Академија на Медитеранот“ за Сретен Перовиќ
Повелбата „Академија на Медитеранот“ што ја доделува Меѓународната литературна манифестација „Година на есејот“, годинава ќе ја добие црногорскиот писател академик Сретен Перовиќ.
Одлуката за добитникот на признанието во 2010 година едногласно ја донесе Управниот одбор на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга.
Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ соопшти дека повелбата на Перовиќ му се доделува за високи дострели, афирмација, превод и негување на македонската и на црногорската култура, литература и јазик. (Н.П.) |