Брoj 2800  среда, 01 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Европа - Балкан

Купување време или збогум ЕУ

 Иван Торов

Брисел повторно го опомнува Белград дека Косово е европско прашање

БЕЛГРАД - Трагајќи по каков-таков поделотворен потег со кој барем би се амортизирала натамошната „сецесија“ на Косово, српскиот државен врв уште пред неколку месеци поведе обемна дипломатска офанзива за да издејствува од Генералното собрание на ОН согласност да се побара од Меѓународниот суд на правдата во Хаг изјаснување за „еднострано прогласената независност“ на косовските Албанци. Првобитната, по малку несигурната иницијатива на Белград, во меѓувреме доби димензии на првокласна државна и политичка работа, дури, судејќи по се', поважна од европските интеграции на Србија. Прерасна во извесна форма на дипломатска еуфорија, чија цел е макар да покаже дека владејачката гарнитура околу Борис Тадиќ сериозно мисли кога постојано потенцира дека Србија „никогаш и под никакви услови нема да крене раце од Косово“.

Тоа дека навистина станува збор за импозантна акција говори податокот дека шефот на државата, Тадиќ, деновиве во Њујорк имаше над 50 билатерални средби со странските делегации, а српската дипломатија последниве месеци имаше контакти со дури 150 од 192 земји- членки на ОН. Чувството на задоволство, па и на своевиден триумф поради ефектот на таа офанзива, е засилено и со фактот дека српската иницијатива е внесена во дневниот ред на Генералното собрание, па за неа, како што е планирано, најверојатно ќе се одлучува на 8 октомври. Србија е убедена дека нејзината резолуција во (амандмански) неизменета форма ќе добие повеќе од половина од мнозинството на ГС на ОН „зашто правдата и меѓународното право се на нејзина страна“, но и предупредува дека врз многу неопределени држави се врши „страшен притисок од водечките спонзори на косовската независност“ да не помине српското барање.

Се' на се', и во домашната (српска) и во светската јавност се создава впечаток дека правно, советодавно, значи, необврзувачкото изјаснување на Меѓународниот суд за „еклатантниот пример на кршење на меѓународното право“ од страна на косовското (албанско) Собрание, би означило пресврт во напорите на српските официјални лица да го забават, па и сопрат натамошниот процес на признавање на косовската независност. Всушност, Белград и не ги крие своите очекувања: поаѓајќи од цврстото уверување дека одлуката на Хашкиот суд, иако е советодавна, ќе биде во корист на Србија, односно дека „непристрасните“ хашки судии ќе потврдат оти Приштина го „прекршила меѓународното право и нејзината независност може да се смета за ништовна“, се смета на повеќекратна добивка. Најпрвин, Косово да влезе во зоната на т.н. замрзнат конфликт, што со себе повлекува сопирање на евентуалниот нов бран билатерално признавање на новата држава, но и на нејзините интеграции во меѓународните институции, како што се ОБСЕ, Советот на Европа, ММФ и Светска банка. Со тоа, во перспектива, Косово би се нашло во некаква форма на меѓународна изолација, што би ги принудило албанските лидери драматично да го преиспитаат својот став и, во крајна консеквенција, да се согласат на обновување на српско-албанските преговори за статусот. Позитивната одлука на Меѓународниот суд за Белград би била, пред се', морална сатисфакција, мерка со која, како што се очекува во овдешните владејачки кругови, кредибилитетот на Србија, во намерата во која било форма да го задржи Косово во својот состав, макар и по цена на согласување на некаква територијална поделба, значително би зајакнал.

За разлика од српските политичари, кои не го кријат оптимизмот во крајниот резултат на својата иницијатива, односно дека таа ќе стигне до Хаг и ќе биде прифатена, во круговите на европската дипломатија на целиот тој проблем се гледа битно поинаку. Иако Брисел не го оспорува правото на Србија и по овој пат да се обиде да ги одбрани своите државни и национални интереси (се' е, велат, подобро од примена на сила), водечките земји на ЕУ и САД, сепак, не се „пресреќни“ поради тоа, и го предупредуваат Тадиќ дека неговото обраќање до Меѓународниот суд би можело да биде во колизија со амбицијата на Србија да влезе во Европската унија. Што значи, и интерпретирано како своевидно, навистина, неофицијално, релативизирање на патот на Србија во ЕУ. И овој чекор, како промовирана српска „воена неутралност“, односно откажување од влегување во НАТО и продлабочување на антизападната реторика во самата Србија, се смета за алармантен и ризичен (за Србија) индикатор дека Белград е подготвен поради Косово да ги жртвува европските интеграции. Дотолку повеќе што од врвот на српската власт не стигнуваат уверливи одговори на прашањето - дали Србија ќе ја прифати советодавната одлука на судот и ако таа биде неповолна за неа.

Во секој случај, Брисел повторно го опоменува Белград дека Косово е европско прашање, дека процесот на неговата независност е „несопирлив“, без оглед на одлуката на Хашкиот суд и дека за Србија и косовска Србија би било покорисно да ја прифатат соработката со мисијата ЕУЛЕКС. Тој став е зајакнат и со уверувањето дека позицијата на Србија е многу искомплицирана, па и обезвреднета, со „руското предавство“, со московското признавање на независноста на Јужна Осетија и на Абхазија. А и се' поопипливата економска и политичка зависност на Србија од Русија по „подарувањето“ на Нафтената индустрија на Србија на „Гаспром“ и магливиот и крајно спорен, некои економисти во Србија велат и скандалозен, меѓудржавен гасен аранжман. Иако тоа не е никаде официјално соопштено, во српските медиуми неодамна осамна незадоволството на ЕУ што „Србија и' ја предава за бадијала својата стратегиска гранка на Русија, а потоа трча во Брисел и бара пари за пристапните фондови“.

Затоа, покрај другото, во седиштето на ЕУ, како и во Приштина (која отфрлува секаква помисла на обновување на статусните преговори), на иницијативата на Тадиќ се гледа повеќе како работа за внатрешна политичка употреба, купување или дури попусто трошење време и енергија, што за Белград би можело да биде премногу контрапродуктивно. Пред се', во одреден момент, опстојувајќи на ставот „и Косово и ЕУ“, да остане и без Косово и без ЕУ. Во таа смисла, од засега полуофицијални кругови на водечките кругови на ЕУ пристигнуваат пораки дозирани со загриженост, од една страна, поради преголемото врзување за Русија, а, од друга, што Србија во последно време испраќа вознемирувачки сигнали до некои соседни земји. Најпрвин, со пораката до Македонија и до Црна Гора дека - ако го признаат независно Косово - Србија „нема да има разбирање за нив“. А потоа и со громогласната најава на Белград дека, наместо планираното намалување на воениот (човечки) потенцијал, оди на негово значително зголемување. Иако Белград повторува дека „повеќе никогаш не сака да војува“, овие потези се толкуваат како своевиден притисок кој би можел многу да ја искомплицира и онака ровката стабилност во регионот на Западен Балкан.


Статијата е прочитана 1344 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 01.10.2008 00:41:08
eu i onaka ne ni treba. koga togas site ke go svatite toa.evropskata unija e utopija,koja nema dolgo da trae.
Од: danska do marjan viena
Датум: 01.10.2008 16:10:52
ti vrska nemas od eu,bez eu nema idnina za mak. nema pazar nem,a pari za bolni,nevraboteni......a na nas ni se izedacuvat pravata t.e. site prava sto gi imame ovde moze da gi koristime i vo mak. t.e. zdravstvena kniska,penzija 100% i toa so site dodatoci,mozeme ovde da sme prijaveni na biro a vo mak da barame rabota a socijalno/sindikat/stipendija do godina da ja primame vo mak a vo mak najvazno od se po prv pat vo istorijata ce ima potreba za rabotna sila ALO marjane vrska nemas od ovie raboti...sdosadeno ni e vece tudjinata i gradjanin od vtor red duri nasite ovde rodeni sakat da se vratat i edvaj cekat mak da vleze vo eu........
Од: nenad do marijan viena
Датум: 01.10.2008 19:22:05
Marjan. Aj se trampame. Ja vo Viena, a ti vo mila Makedonija.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Светска банка останува во Македонија
Груевски и Црвенковски, наместо став за името, пак се скараа
Постојано расте бројот на затруени од слатките на „Ринија“
Претходен број
Што ја замолчи ДУИ?
Зденко
Муслиманите го слават Рамазан-бајрам
Не е се' во графиконите
Трите енергетски компании бараат 29 отсто поскапа струја
Амбасадорот на САД Филип Рикер ги предаде акредитивите
Отфрлен планот на Буш
Монодијалози
ЕУ ќе им забрани на газдите да ги уредуваат вестите
Verbatim