Со што ли толку се задолжил Али Ахмети кај премиерот Никола Груевски, па се откажа од се' што бараше претходно и на секоја шлаканица од својот владин партнер упорно молчи? До каде ли ќе оди политичката хибернација на ДУИ и зошто интегративците го сведоа своето однесување до степен на трагикомедија, па дозволија да бидат дури и за потсмев?
Колку и да се поставуваат вакви прашања и да се бараат какви било одговори во некаков голем политички пазар меѓу Груевски и Ахмети или, пак, во несфатливата упорност на ДУИ да премолчува само за да не ја бранува тенката коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, факт е дека нивното однесување е толку неприродно. Но, истовремено и зачудувачко, што го тера човек да се чуди и да помисли - дали е тоа истата партија од пред изборите? Сето ова не може да се оправда со стравот на Ахмети да биде принуден да ја напушти владината коалиција или, пак, уште повеќе тоа да биде политичка компензација за случајот „Водството на ОНА“ да заврши во судските фиоки.
Процесуирањето на хашките случаи го наметна прашањето дали ќе биде ставена на тест коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, затоа што од партијата на Ахмети лично се заинтересирани да не се отвораат овие случаи. Но, засега и ова добро им оди. На собраниската седница за симнувањето на имунитетот на двајцата пратеници на ДУИ, закажана во петок и тоа на полноќ, меѓу владејачките партии се' помина тивко и мирно. Пратениците на ДУИ молчеа. Единствено дискутираше опозицијата и, разбирливо, тројцата пратеници од Нова демократија на кои им е потребна политичка афирмација. Да биде трагедијата уште поголема, на дискусиите на овие пратеници кои бараа случаите да подлежат под Законот за амнестија се спротивставија токму пратениците од ДУИ. Побараа нивните сопартијци својата невиност и чесност да ја докажуваат пред судските органи.
И повторно следува прашањето: каков пазар ли се случи, па своите претходни жестоки залагања за хашките предмети да подлежат под амнестија ги заменија со молчење како риба. Велат дека немало ниту криза во партнерството со ВМРО-ДПМНЕ, а и Груевски потврдува дека владината коалиција функционира како никогаш досега. Груевски ги влече конците, а Ахмети како марионета неартикулирано игра на секој негов потег. Одлична коалиција, нема што!
Првите симптоми на чудното однесување на ДУИ се јавија уште летово со експресното гласање на законите, меѓу кои и Законот за јазиците и за Деловникот, акти кои претходно ги оспоруваше и бараше нови и повисоки решенија. Тогаш нејзини пратеници, кој со изјави за медиумите кој преку колумни, остро се спротивставија, но, за чудо, многу брзо беа замолчени од своите и се повлекоа, ги немаше никаде.
Но, нивното замолчување не значи и дека им го сменија и размислувањето и нивниот став. Дотаму не оди политичкиот пазар. Иако некако срамежливо и внимателно, сепак, во јавноста протекуваа шпекулации дека се незадоволни од коалиционите министри, дека не се согласуваат со измените на Изборниот закон во делот на квотите, затоа што го загрозува Бадентеровото мнозинство. Но, додека претходно и' забележуваа на ДПА дека не треба да излегува со барања за прашањата за Албанците, туку како дел од власта да ги спроведува, сега како да подзаборавија на ваквите забелешки.
ДУИ ќе мора во најскоро време да се оттргне од ваквата улога на владин статист ако не сака и отворено да биде обвинета дека сите оние заложби за унапредувања на правата на Албанците и жестоките наметнувања како нивни легитимен претставник биле само борба за неколку министерски и функционерски фотелји. Зашто на тој начин многу лесно ќе ја изгуби довербата од граѓаните што и' ја дадоа поддршката и на овие избори. Ќе остане без аргументи зошто би ја барала повторно поддршката на албанскиот електорат пред наредното изборно соочување со граѓаните.
Od vasiov tekst citam ,,zosto albancite ne zemat povtorno oruzje,,?Kako ne se sramite pa sto li nema da napisite samo da napravite ovaa i taka krevka demokratija da ja rusite.Srametese sigurno vie ste nekoja rodnina na onoj reziser koj vo Grcija se prestavi kako gragjanin na balkanot i na skopje proveretego negovoto intervju vo grckiot dneven vesnik MAKEDONIJA!Do makedonskite gragjani bez eticki preznak aku treba noki i noki ke pregovarame i ke se dogovarame ne nasednuvajte na vakvi mocli koi sakaat samo vojni i nemiri po makedonskite prostori.Gospo da ja blagoslovi Makedonija i makedonskiot narod.Na vernicite od muslimanska veroispoved im go cestitam praznikot i za mnolgu godini da e! Slusajtegi molitvite od niv mnolgu mozi da se nauci,da ne se gresi.
Од: Solunski
Датум: 01.10.2008 01:08:37
Albancite od Makedonija se vredni i cesni gragani i pocnaa zabrzano da rabotat na idninata na Makedonija zaedno so Makedoncite sto sekako ke donese podobri denovi za nivnite i nasite deca vo idnina.
Од: Makedonec
Датум: 01.10.2008 01:16:49
Sto vie tolku ste se zagrizile za DUI?
Од: jole
Датум: 01.10.2008 01:27:42
do urednikot sakam da go prasam dali e za vojna vo makedonija ili za mir ako e za mir togas prestani da palis ogan kuce smrdeno
Од: Struzanec
Датум: 01.10.2008 01:53:24
E Svetle ova da go napisese nekoj Albanec ce pomislev deka covekot mozda ima pravo .Ama rdna Makedonka da se grizi za rejtingot na DUI za slednite izbori i toa na DUI me tera da ti postavam edno prasajne .Dali ste mazena i ako ste mazena dali vasiot soprug ne e Albanec? Ili sega go ocekuvavte krajot na VMRO posle Haskite slucai .Dane slucajno ste vraboteni vo kabinetot na B.C ili ste potparol na SDSM?
Од: aarianitaa
Датум: 01.10.2008 08:44:52
Albancite go dadoa svojot glas za Ali Ahmeti bidejki veruvaat vo nego. Luge, cekajte, ako nekoj napravil nesto za Albancite e tokmo toj Ali Ahmeti, zato ve molam pa pricekame. Vremeto na vojnata zavrsi, a ako vo sekoj slucaj pocne nesto pak, za Albancite pa i za Makedoncite ke bide podobro (no definitivno ne poloso otkolku sega). Da cekame do sredinata na mandatot i ke vidime kaj ne vodi DUA. Za toa treba trpenie ... sepak DUI napravi poveke za vreme-period od 3 meseci odkolku DPA za 18 meseci vo vlast. Emi tka ... Pozdrav
Од: Radovan
Датум: 01.10.2008 09:06:17
Neznam sto ocekuvate i sto DUI treba da stori. Pa lugeto si rabotat. se trudat ovaa drzava kakva-takva da ja stavat na pozdravi noze. Zavrsi vremeto koga zapadot za sekakva sitnica im dozvoluvase na Albancite da zemat oruzje vo raka. Potrebno e veke da se pocituvaat ZAKONITE i da se raboti po Zakon. Najverovatno na nekogo ova ne mu odgovara pa bara "luge" koj ke pukaat povtorno vo ovaa drzava. Albancite realno gledano nemaat nekoja golema mok vo drzavava kako sto i samite si mislea. Se uste se ekonomski slabi. 70-80% od Albanskoto naselenie nema imoten list za imotot, nemaat dokaz za poseduvanje imot, znaci 70-80% od toa naselenie zivee na "divo" vo drzavava.(mislam stanbeno) Ako se otvori prasanjeto za divogradbi vo drzavava(a ke bide i toa) ogomen del tokmu od Albancite ke treba da plakaat za dozvoli, zemjiste, komunalii. Zapadot po ova prasanje ne misli da gi podrzava.Lesno im bese do sega, kade zatreba i koga zatreba ke si izgradat selo i zavrsile rabota.Stanbeno prasanje reseno.
Од: Bubo
Датум: 01.10.2008 09:10:59
Светлана, се обидов да сфатам која е целта што сакаш да ја постигнеш со текстот насловен како „Што ја замолчи ДУИ“. Ако е причина душегрижништвото за ДУИ и нивниот рејтинг кај албанскиот гласач, малку ми е неприродно ти повеќе да се грижиш за тоа од самиот албански гласач кој го дал гласот за ДУИ. Ако причината лежи во тоа малку да се разбрануваат односите во коалицијата, или да се ослаби позицијата на владата, многу сте прозирни и пишувате за она што можеби сте најмалку повикани. Подобро би било да се концентрирате и да пишувате за голем број на погрешно замислени програмски чекори или неадекватни решенија спроведени од страна на ВМРО како партија на власт, за голем број на скапи и лошо замислени рекламни кампањи без повратни резултати, за трошење на пари од даночните обврзници за саморекламирање и кревање на рејтингот на премиерот, за тоа дека според нивото на корупција Македонија пак дели место со Свазиленд (ако таа држава веќе на некој му е репер каде сме во светот според нивото н
Од: Pikita
Датум: 01.10.2008 10:05:26
Se prasuvam do koga nekoi od komentarite ke bidat na nivo na "Vecer". So pcovki i plukanje eden na drug, za sekogas ke ostaneme vo "balkanska krcma". Makedoncite toa ne go zasluzuvaat (b.k.)!
Од: tetovo
Датум: 01.10.2008 10:30:15
sto se odnesuva do to a sto napriv DUI za ovi meseci dodeka e del od vlasta mozam da vi kazam i da ve uveram deka toa sto DPA go napravi za eden den DUI nema da moze da go napravi cel mandat. Toa znaci da bide faktor vo vladata.Da bides faktor ne mora da znaci samo da doneses nekoj zakon, toa znaci i da ne dozvolis da se donesat bilo kakvi zakoni. Razlikata e ogromna megu DPA i DUI vo praktikuvanjeto na vlasat. Dui ne moze da se sporede so DPA. DPA e skola za site politicki parti vo makedonija
Од: Dobr tekst
Датум: 01.10.2008 11:29:39
Poracan tekst... Airlija parite!
Samo da znaes i tvoite deca ke treba da ziveat vo ovaa zemja, ne veruvam deka ke ti stignat parite za da migriras i da zapocnes udoben zivot na strana..
Ne se Makedoncite naivci, samo ni go davas odgovorot zosto e Makedonija e tamu kade sto e.. Od sebicnost!
Од: jas
Датум: 01.10.2008 11:29:39
komentarov e tipicen zenski prostotiluk ne zna sto dr aj sega pozz
Од: Kocin-Sydney
Датум: 01.10.2008 13:23:15
Zagrizuvacki tekst. Ako vie gospogo ste profesionalen novinar treba da se zastramite so vashite stavovi izneseni vo statijata. Zarem malku im e dadeno ili malku ni zedoa Albancite dosega pa vie se najdovte naj pametni da gi potpaluvate ponovo strastite. Dali na Makedonija i e potrebna nova vojna? Stramota. So Ramkovniot albancite dobija poveke odosto mislea. Razbudete se ej!!!
Од: Itar Pejo
Датум: 01.10.2008 14:30:52
Aman be od ovie komentatori-komunjari ! Da ne bevte porano politicki komesari pa da i kazuvate na novinarkata za koja tema da pisuva i sto da pisuva. Kazete nekoj argument ako imate. Prasanjata sto gi postavuva novinarkata se sosema na mesto, kade e odgovorot ?