Брoj 2800  среда, 01 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Не е се' во графиконите

 Катица Чангова

Само за две години Македонија направи неверојатен скок од дури 34 позиции на листата на „Транспаренси интернешенел“. На скалата со која се мери индексот за перцепција на корупцијата, Македонија од 105. место во 2006 година се искачи на 72. позиција во 2008. Ова е суштината на новиот, прилично агресивен спот што веќе неколку дена засилено се врти на телевизиите и со кој Владата буквално ги бомбардира гледачите.

За да се зголеми ефектот на зборовите, низ графикони во боја што го прикажуваат рејтингот на Македонија во изминатите години, Владата го доловува фантастичниот успех на реформите „Остваруваме“.

Неоспорно е дека државата, благодарение на добрите закони, постигна извесен напредок во фронтот против корупцијата. Но, тоа позитивно поместување е далеку од фантастично, бидејќи пресуди за корупција нема.

Малку треба да се симнеме на земја. И да имаме мерка за постигнатото. Резултатите на Македонија на антикорупциско поле, сепак, се скромни.

Владата упорно зборува за скокови во места, а не споменува скокови во оцени и намерно избегнува да ги каже. Со оцените што ги заработи Македонија за степенот на корупција, во старт ќе се намали ефектот на успехот пред народот. Ова мерило го знаат сите кои барем малку се разбираат во мерилата на „Транспаренси“. Се' друго може да се дефинира како манипулација и лага.

Еве ги аргументите. Десетките (10) се резервирани за најчистите земји според корупција, а единиците (1) за најзаразените. Лани државата е оценета со 3,3, додека оваа година рипнавме на 3,6. Тоа е напредок од само 0,3 поени. Значи, не добивме ни половина оцена повеќе за да не' вбројат во успешните. Ние сме далеку од врвот на Кеопсовата пирамида. Тука нема никаква тенденциозност.


Статијата е прочитана 768 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 01.10.2008 01:02:08
Za zal toa se podatoci davani od lugje koi ziveat vo eden nivni virtuelen svet... realnosta e pogubna... toa doprva ke se oseti... togas Rejtingot na Grujica nisto nema da mu znaci duri i na VMRO-vcinjata koi sega vo nego se kolnat...
Од: Zoran
Датум: 01.10.2008 03:47:56
A ste se zaprasale li zosto sme se nasle na toa dno. Velite ne ste tendenciozni, no vistinata e deka ste. Trendot e pozitiven, da se nadevame deka taka i ke prodolzi, zosto i 0,3 vo pozitiva e poveke od negativata koja i ja donesoa na Makedonija funkcionerite od SDSM. Gospogo novinarke, vie sekako ste tendenciozni. Pa na krajot od kraistata tie ve ranat kako ne bi bile?!!!! pozdrav od Avstralija
Од: Iko Kavadarci
Датум: 01.10.2008 09:28:36
Bi sakal da ja prasam avtorkata kakvo e cuvstvoto koga se napagja uspehot na sopstvenata drzava!?
Од: Vo grafikonite veritas, a ne vo Johny Walker
Датум: 01.10.2008 11:52:39
Nema presudi, ima abolicii. Ako imase sudenje - kojznae, mozebi ke si dokzese covekot deka ne e kriv. Amozebi ke imase i presudi. Pa togas grafikonot ke izgledase uste poubedliv.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Светска банка останува во Македонија
Груевски и Црвенковски, наместо став за името, пак се скараа
Постојано расте бројот на затруени од слатките на „Ринија“
Претходен број
Што ја замолчи ДУИ?
Зденко
Муслиманите го слават Рамазан-бајрам
Трите енергетски компании бараат 29 отсто поскапа струја
Амбасадорот на САД Филип Рикер ги предаде акредитивите
Купување време или збогум ЕУ
Отфрлен планот на Буш
Монодијалози
ЕУ ќе им забрани на газдите да ги уредуваат вестите
Verbatim