Авировиќ возврати
„ДЗР работи транспарентно“

Пратеничката на социјалистите, Владанка Авировиќ, ја бранеше професионалноста на ДЗР, за кој рече дека сега работи потранспарентно и многу подобро секоја година. „Заедно со Хрватска, според квантитетот на извршените ревизии, ние сме најдобри“, им зборуваше таа на присутните пратеници по обраќањето на Николов.
Авировиќ им реплицираше на нејзините колеги од СДСМ порачувајќи дека за извештајот треба да пресудуваат објективно, а не како партиски членови. „Не можеме да се мешаме во работата на оваа по закон независна институција“, рече таа. Препораките од Заводот, според неа, од година во година масовно се спроведуваат. Околу забелешките на Николов дека ревизорите не влегле во Министерството за транспорт и врски, таа потенцираше дека и ова министерство е на агендата на ДЗР бидејќи тоа стои на списокот што е објавен. |