Николов за извештајот на ДЗР
„Форма без содржина“

„Убава форма, а слаба содржина“, вака го оцени претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Марјанчо Николов од СДСМ, годишниот извештај на Државниот завод за ревизија.
„Иако визуелно е добар, извештајот не нуди наоди што би ни дале јасни податоци за тоа како работат државните органи“, рече Николов.
На заменик-главен државен ревизор Насер Адеми, кој беше на седницата, Николов му порача: „Немате ниту една констатација за незаконско трошење средства, а ако состојбата е идеална, тогаш не ни треба ДЗР“, рече тој, прашувајќи ги ревизорите зошто не влегле во министерствата за транспорт и врски и за култура, каде што имало сериозни укажувања за проневера со милионски суми. |