Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Без новинари во Советот за радиодифузија

Здружението на новинарите во иднина нема да делегира претставници во Советот за радиодифузија и ги повикува двајцата новинари - членови на ова тело да го преиспитаат своето учество таму. Причина за ваквата одлука на Управниот одбор на ЗНМ се измените во Законот за радиодифузија, за кои велат дека воопшто не биле консултирани.

„Со овој потег сакаме да ја алармираме јавноста дека е незамисливо во една демократска земја, која е кандидат за членство во ЕУ, да се менува законската регулатива од медиумската сфера без да се слушне гласот на новинарите и на луѓето што работат во медиумите“, се вели во вчерашното соопштение од ЗНМ.

Оттаму велат дека и покрај сите напори, не е прифатено нивното барање Законот да се повлече и да се пушти во ред��вна постапка со цел да се обезбеди транспарентност на процесот и да им се даде можност на сите заинтересирани страни да го кажат својот став. Одлуката веќе да не делегираат членови во Советот од ЗНМ велат дека ќе се ревидира кога институциите ќе прифатат да се преиспита спорниот член од Законот за радиодифузија. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 646 пати.

Испрати коментар

Од: trpe od gradsko
Датум: 27.07.2011 01:49:21
Podrska do ZNM... neka na mira i vo ednoumie ( kako vo komunizmot) i neka vladee i kontrolira VMRO-DPMNE
Од: -2 новинари во СРД, но +2 во Собранието
Датум: 27.07.2011 07:44:29
Какви циркуси од ЗНМ. Ќе ги повлекле новинарите од тоа тело? Ај да го видиме и тоа чудо. ЗНМ нема никаков авторитет меѓу новинарите и најдобро е да престанат со изјави со кои му ја одработуваат агендата на најмладиот пензионер во РМ. Каде беа да ги осудат нивните колеги кои стапија во коалиција со СДС? Дали е тоа „замисливо во една демократска земја“? Дали тогаш „се слушна гласот на новинарите“?
Од: Bojana
Датум: 27.07.2011 09:29:37
ZNM najprvo neka izgradi zaednicki stav, a ne da iznesuva licni stavovi na 2-3 instruirani novinari-clenovi. Odsekogas ZNM bil sojuznik so SDSM i nikogas ne se pobunile za resenija i zakoni sto gi predlagase i nosese SDSM. Taka sto, sega se stvarno smesni ovie reakcii, pa zakani... A zosto ne reagiraat da nema novinari vo Sobranieto, pa Sobranieto gi nosi zakonite, znaci ima direktna odgovornost. Pa neka gi povlece i dvajcata clenovi na Sobranie.
Од: Богомил
Датум: 27.07.2011 09:47:34
Само тотален информативен мрак е спасот и клучот за дисциплинирање на власта и вразумување на медиумските газди. Сите други потези ви се маргинални, неефикасни, што власта лесно ги амортизира во дослух со газдите ваши, кои стануваат сопственици и на вашите души и го сурнисуваат вашиот професионален морал, ја деградираат професијата. Згаснете ги камерите, диктафоните, фрлете ги перата само на неколку часа. Тргнете по патот на вистинските новинари. Сторете го тоа за вашите конзументи и фрлете малку свежа боја врз овој зачмаен македонски декор.

Најди! во Утрински
На прво место
И ревизорите ги скараа пратениците
Лустрацискиот воз излета од шините
„ДЗР работи транспарентно“
„Форма без содржина“
Уште еден „Американец“ на министерскиот список на Груевски

"""