Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

Се готви теренот за елитниот Сончевград

Во тек е изградба на водоводот Патишка Река, а распишана е јавна набавка за изградба на регионален пат

Снежана Калабакова

Се подготвува теренот за старт на изградбата на резиденцијалната населба Сончевград. Моментно течат градежните зафати за изградба на водоводот во Патишка Река, а завчера Агенцијата за државни патишта обелодени јавни набавки за изработка на проект за инфраструктура, основен и изведбен проект за регионален пат кој ќе биде врска со патот за населбата Сончевград. Заинтересираните фирми понудите до Агенцијата ќе можат да ги доставуваат до 1 декември годинава.

Дали тоа значи дека нема да пропадне големата израелска инвестиција во општината Сопиште и дали можеби се наѕира зелено светло за скорешна судска разрешница на спорната постапка во која беше донесен ДУП за Сопиште. Токму начинот на кој беше усвоен урбанистичкиот план беше причината зошто проектот „Сончевград“ се најде пред Уставен суд. Израелската инвестиција тешка 100 милиони евра стана спорна уште пред да почне да се гради новата населба. Судот привремено забрани секакви градежни активности се' додека не дојде до решавање на управниот спор.

„Пред неколку месеци на средба во Министерството за транспорт и врски беше разговарано околу Сончевград и ни беше соопштено дека Израелците не се заминати“, вели Трајче Андреевски, раководител на Секторот за локален економски развој во Општина Сопиште и додава дека оттогаш немаат подетални информации.

Катерина Панова-Илиевска, портпаролка на Агенцијата за државни патишта, појаснува дека ќе се гради регионален пат како крак на постојниот регионален пат што поминува кај ИЗИИС. Како ќе биде проектиран и од каде ќе поминува новиот пат, ќе зависи од идејното решение што ќе биде прифатено.

Градежните работи околу населбата треба да се одвиваат во две фази, прво да се изведе водоводната, канализациската, електричната и гасификациската мрежа, јавното осветление и улиците, а потоа да се градат објектите.

Населбата Сончевград ќе се простира на површина од 636.459 квадратни метри. „Индустријал билдингс корпорејшн“ од Израел го купи земјиштето на лицитација во мај 2007 година и за него плати 350 денари за квадрат. Резиденцијалната населба ќе ја сочинуваат 603 семејни куќи, 11 станбени згради со повеќе апартмани и два спортски комплекса. Новата модерна, урбана и еколошка населба треба да се гради според највисоки стандарди. На целата површина за градба решени се имотноправните односи.


#
Статијата е прочитана 1238 пати.

Испрати коментар

Од: Еколози каде сте
Датум: 06.11.2010 01:47:15
Убаво е да се гради, но конкретно за оваа локација ме интересира колкав дел од Водно ќе настрада при изградбата на патот? Малку по малку и еден ден Водно со сигурност нема да биде зелено, туку со бетон и асфалт. Е, убава иднина ги чека поколенијата, ќе им оставиме згради, а здравје тешко...

Најди! во Утрински
Скопје
Доделени наградите „Феникс“
Есенски крос за основците
Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ во војна за касарната „Илинден






Bulgarian president sets up new political group
Romania makes its mark as a regional player
Danube strategy aims to increase river cargo traffic