Есенски крос за основците
Околу 100 ученици од петто до осмо одделение од сите основни училишта на територијата на општина Центар денеска ќе учествуваат на традиционалниот есенски крос. Манифестацијата ќе се одржи на кејот на Вардар со почеток во 11 часот. Стартот на трката ќе биде означен на аголот кај северната и источната трибина на арената „Филип Втори“, а финишот во Паркот на франкофонијата. Учесниците ќе бидат поделени во четири категории и ќе носат маички со бојата на своето училиште. Општината Центар, која е организатор на настанот, за најдобрите обезбеди соодветни дипломи и пригодни награди. (Б.Ш.) |