Корисно
Како да сервирате сирење
Кога сервирате сирење, сеедно дали е тоа пред вечерата или по неа, не заборавajте да го ограничите својот избор на најмногу 5 вида. Одберете сирење со различна големина, боја, облик за да го разбудите интересот на гостите. Силните сирења со остра миризба не сервирајте ги покрај нежните, млади сирења со деликатен вкус. Тие се служат со неколку ножеви за сечење сирење.
Дури и наједноставното сирење може да предизвика интерес доколку е добро презентирано. Сирењето се сервира на штица, на асурен подметнувач или на плитка кошничка од дрво. Лебот и печивото ставете ги во друг сад.
Со сирењето слободно сервирајте јаболка, круши, грозје и парчиња диња, особено доколку со нив пиете вино. За додатоци, можете да користите ореви, бадеми, лешници и други ковчести плодови.
Доколку сирењето го служите пред вечера, имајте на ум дека некои видови можат да заситат, па се препорачува да го изнесете во ограничени количества. |