Претставата „2012 последните Македонци“ ќе се игра во Драмски
Театарската претставата „2012 последните Македонци“, која во рамките на „Скопско лето“ требаше вечерва да се одржи на платото пред Музеј на Македонија со почеток во 20,30 часот, ќе се одигра во Драмскиот театар во исто време. Промената на локацијата е поради најавените врнежливи услови.
Влезот за претставата е слободен, а бесплатните билети можат да се подигнат на касата на театарот од 10 до 20 часот. (К.Б.) |