Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Утре „Капетановата ќерка“ од Александар Сергеевич Пушкин

Александар Сергеевич Пушкин претставува феномен не толку чест во светската литература. Тој беше, како што ќе рече Александар Флакер, „полифона, разнострана, ренесансна личност, ’uomo universale‘“. Името на Пушкин далеку ги наткрилува рамките на неговиот живот и литературен опус и одамна е станато симбол на цела една епоха во историјата на неговата голема земја. Пушкин е „инкарнација на златниот век на руската литература“, тој е, како што вели Горки, „почеток на сите почетоци“

Утре читателите ќе можат по цена од 249 денари да ја набават неповторливата книга „Капетановата ќерка“ од овој извонреден автор. Романот е напишан во периодот кога Пушкин се свртува кон прозата, пишувајќи ги знаменитите „Белкинови раскази“ и повестите „Пикова дама“ и „Дубровски“. Главниот лик во романот е легендарниот водач на побунетите руски селани Пугачов, кој во оваа историска новела, печатена во 1836 година, дава целосен преглед на бунтот на селаните во Русија во периодот од 1773 до 1774 година. Книгата била одлично примена и до денеска претставува дел од задолжителната литературна класика. Содржината на „Капетановата ќерка“ му послужила на композиторот Цезар Куи како либрето за неговата истоимена опера, а исто така, била искористена и како сценарио за неколку филмови. Во 1947 година режисерот Марио Камерини го снимил истоимениот филм во кој Сезаре Данова ја толкува улогата на Пјотр, а Ирасема Дилиан ја толкува Маша. Италијанската верзија ја снимил Алберто Латуада во 1958 година, насловувајќи го филмот „La tempesta“ со Џефри Хорн и Силвана Мангано во главните улоги, а Владимир Каплуновски во 1959 година во својот филм главните улоги им ги доделува на: Олег Стриженов и Ија Арепина. Во поново време снимена е уште една руска верзија и еден анимиран филм. Во 2000 година Александар Прошкин го снимил филмот под наслов „Рускиот бунт“ со Матеуж Дамиетцки и Каролина Гружка, а во 2005 година е направен 28 минутен анимиран филм, насловен „Капетановата ќерка“, кој во 2006 година на фестивалот за професионален анимиран филм во Русија бил на четврто место, а во 2007 година ја освои наградата „Златен орел“ во категоријата за најдобар анимиран филм. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 320 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Регионална награда „Бауер“ на Мотовунскиот фестивал
Во Даут-пашин амам почнува борба со влагата
Почина португалскиот нобеловец Жозе Сарамаго
Претставата „2012 последните Македонци“ ќе се игра во Драмски