Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Политика

Битка за профитот од српскиот кич

На пазарот најмногу се води битката околу емитувањето на српските емисии

Светлана Унковска

Влезот на српската медиумска групација „Пинк“ на македонскиот пазар ќе предизвика големо влијание врз гледаноста на домашните телевизии. Публиката, која досега некои од забавните емисии и реални шоуа ги гледаа на каналите на националните телевизии, во иднина ќе продолжат да ги следат на програмата на новата телевизија Пинк 15.

Се чини дека најпогодена ќе биде А1 телевизија, која го емитува реалното шоу „Фарма“, што е во директна продукција на „Пинк“.

Од друга страна, експертската јавноста реагира на се' поголемиот наплив на српска продукција и вели дека е згрозена поради несериозниот однос не само на власта туку и на самите медиуми, кои на своите програми повеќе имаат српска програма отколку македонска.

Сопственикот на оваа медиумска групација, Жељко Митровиќ, на завчерашната прес-конференција откако обзнани дека ја купил К-15 телевизија, најави дека на новата телевизија, покрај тоа што ќе продефилираат познатите ѕвезди на „Гранд“, гледачите ќе можат да го следат и реалното шоу „Фарма“.

Она што останува непознато е под кои услови матичната продукција ќе ја префрли на Пинк 15. Програмскиот директор на А1 телевизија, Анета Кочишки, не сакаше да одговори дали имаат најави дека договорот ќе биде раскинат или, пак, временски истекува.

„Жал ми е, но вашите прашања се во доменот на деловна тајна. Не можеме да ви дадеме никаков одговор“, кратко ни изјави Кочишки, која не сакаше ниту да даде оцена како во телевизијата гледаат на влегувањето на Пинк на медиумскиот пазар и дали очекуваат дека тоа ќе ја загрози нивната гледаност.

Директно загрозена не се чувствува Сител поради тоа што тие не емитуваат ниту една од емисиите што е во продукција на „Пинк“ или на „Гранд“. Но, и на оваа телевизија со национална концесија голем број од емисиите се во српска продукција.

„Моментално немаме никаква врска со Пинк. Реалното шоу ’Преживеани‘ е на „Вида медија“, а другите емисии се на ’Ендемол‘, ’Емоушн‘ и уште некои други српски продукции“, вели Игор Мурговски, од програмскиот сектор на Сител телевизија.

На пазарот на конкуренција, кој сега уште повеќе се разгорува, најмногу се води битката околу емитувањето на српските емисии, најмногу на на А1 и на Сител. Неодамна во интервју за една телевизија експремиерот Љупчо Георгиевски рече дека ваквиот наплив на српска продукција сериозно го загрозува македонскиот национален идентитет.

„На национален план актуелната влада води една чудна политика под плафонот и платформата дека тие се најголеми бранители на македонскиот национален идентитет. Она што јас постојано го зборувам е што, за жал, ние денес се соочуваме со најголемата рејугословенизација на македонскиот идентитет“, истакна Георгиевски.

И експертската јавност жестоко реагира на ваквиот тренд наместо да се негува македонскиот национален идентитет, што е основна функција на медиумите, се' повеќе на програмата да имаме српска програма.

„Тоа е србизација, враќање на југословенското и тоа е против основната функцијата на медиумите. Македонија се наоѓа во време кога се' уште не е решено македонското национално прашање, а медиумите треба да бидат двигатели и одраз на промените во општеството. Но, од она што сега се случува, јас се згрозувам и за мене претставува срам. Тоа е немање свест и професионализам на луѓето што работат во медиумските куќи и она што го гледаме е девалвација на нивното постоење“, реагира Лилјана Силјановска, професор по комуникологија на Универзитетот на Југоисточна Европа. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 5408 пати.

Испрати коментар

Од: marko
Датум: 18.11.2010 12:43:25
jasno e deka srpskite emisii t.e. srpskiot sun se plasira vo makedonija so ekonomsa zaguba no toa se pravi po sekoa cena zatoa sto toe e proekt na dpmne potpomognat od nivnite srpski mentori na koi mnogu im dolzat i mnogumina od prvite ljuge na dpmne ne krijat deka milosevic e nivniot politicki idol(osven malkunina prestavnici na bugarofilskoto lobi vo dpmne) i so metodite na milosevic(antikvizacija,srbizacija) ja sprecuvaat makedonija da vleze vo eu i nato i so toa da prodolzi razgrabuvanjeto na makedonija
Од: pero
Датум: 18.11.2010 12:49:35
Legalen vlez na srpski medium vo Makedonija e vo red, bidejki sega eden kup "nacionalni" televizii ke moraat da proizveduvaat konecno svoja programa. sega barem toccno ke se znae kade ke bide konncentriran"srpskiot kicc"i samo na taa TV ke moze da se gleda. Zosto bi imale samo stranski sopstvenik na pecateni mediumi. Zosto ne i vo elektronskite. Mislam deka i ALFA na pocetok bila grcka, pa ne se krena tolkava vreva. Tajkuni si se tajkuni.
Од: caki
Датум: 18.11.2010 12:53:53
Nemozam da razberam da se ima nekakov psiholoski strav od doaganjeto na Pink televizija. So to ke bideme nie graganite zagrozeni bas od ovaa televizija.Vo koj svet ziveete Vie ,site imame kablovska i po 68 programi i negledam zosto bas od ovaa televizija ke imate problem.Vie ste ubedeni deka samo nasite televizi se gledat ili sami sebe si laskate.napravite anketa pa ke vidite kolku se gledat nasite programi.Sem politika i turska serija po nekoja a sega veke premnogu segde i nemate sto da gledate.na site drugi kanali imate,zivotinski svet,filmovi,moda,debatni razgovori i da ne redma poveke.Mislite deka ne se gleda Rai 1,RTL,Fox Life,Fox.crime i Univerzal.Pa luge imame sto da vidime i cueme.Kaj nas sem koj kogo utepal, uapsil i kede sto ke se postavi fala bogu nema ni sto da vidis.Zatoa ne si laskajte deka vo opasnost ke vi bide gledanosta od Pink 15.Zemete i promene si dosta vo nacinot na rabota i razmisluvanje.I ova e pazarna ekonomija
Од: mihajlo
Датум: 18.11.2010 13:04:45
Makedonceto sekogas ce ostane kako isplaseno zajace.So toa samo otkriva kolku e otporebn na eventualni smisleni scenarija.Ajde da citiram samo dve izjavi: "Ona sto jas go zboruvam e sto,za zal,nie denes se soocuvame so najgolema rejugoslovizacija na makedonskiot identitet".Ova go kazuva eden Bugarin,po ime Ljubco."No ona sto se slucuvajas se zgrozuvam i za mene prestavuva sram"-izjava na nekoja si od UJE,Ljiljana.A jas pak velam: Jas od nisto ne se zgrozuvam,a uste pomalku se plasam.Nikoj mene ne moze da me asimilira.Vremeto vo koe ziveeme e vreme na tehnologija koja ne priznava granici.Jas na TV gledam toa sto e za mene korisno,poucno i zabavno.Na TV programata ima cca 70 kanali.Baraj sto smetas deka ti ekorisno i te relaksira.A za asimilacija neka se plasat tie koi nemaat rascisteno so svoite nacionalni custva.Nekoj vece i se odlucil.So sreca neka mu e.
Од: deli
Датум: 18.11.2010 13:25:35
Prašanje e, kakvi "zabavni" i drugi programi od MK proizvodstvo mu se nudat na MK gledačot . Televizijska emisija e ista kako roba vo prodavnica: ako mušterijata misli, deka šamponot ili kaškavalot, ili... od Srbija (Kina, Australija ...) e pokvaliteten nego toj od Makedonija (može samo podlegnal na reklama, može se uveril, deka navistina stranskiot proizvod e pokvaliteten), a ako ima izbor, 100% ke si odbere toa, što go smatra za podobro za sebe. Taka e, toa verovatno go sfaka i go znae sekoj čovek. Neka ponudi makednoska TV "prodavnica" odlična roba - nikoj nema da "kupuva" srpski ili drugi proizvod. Bez razlika, dali prema mislenje na MK intelektualci i komentatori srpskata TV roba e kič, ili nee - publikata si odbira prema svojot ukus.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 18.11.2010 13:58:01
Погрешно е мислењето дека кичот е исклучиво српски!Секому кој е со такво мислење му препорачувам „лекување“со надгробните споменици,или со концерти на Сузе Национале,Ребека,Слаткар...Се сеќавате ли на некоја квалитетно направена серија во наша продукција од 90-тите,наваму?!Наводната „србизација“е само доказ дека поделбата на Југославија,што ја изрежираа политичарите и разузнувачките служби,е Вештачка!Верувам дека поголемиот број од граѓаните највеќе милува да ги гледа програмите од Бивша Југославија,без разлика дали се Српски,Босански,Словенечки...за жал на запењавените националисти и наци-чистотници,кои на таа тема не можат да сторат,ама баш ништо!Секој обид им е залуден!Да не заборавиме дека и Бугарскиот „Идол“помина со одлична гледаност и со масовно учество на наши учесници!Едно е јасно,народот не сака делби и не му е многу битно од каде доаѓа кичот,ниту може некој да му го забрани!Вкусот се гради со образование и култура,а не со политички псеудобарокни надрипроекти!
Од: Драган
Датум: 18.11.2010 14:05:21
Сега е на ред да влезат и бугарски телевизии, и албански... и така се разнебитува македонија. Сите други, освен србоманите никогаш не ја посакувале независноста на Македонија. Тоа се гледа сега, сител и канал5, а сега и Пинк15 се всушност српски телевизии, а не македонски. Македонците се претворија во малцинство во сопствената телевизија. Повеќе македонска музика се слуша во Бугарија, отколку што се слуша во Македонија. Срамно е што владата ја поддржува србизацијата на Македонија, а од друга страна лажно се прикажува како „патриотска“. Уа Дпмне!
Од: Filip
Датум: 18.11.2010 17:06:54
ke gi gledame i nasite televizii be, samo neka pocnat da emituvaat asolna programa od svoja produkcija. neka napravat makedonska farma i makedonski Survivor, a ne da mi nosat srpski. me zabole koja srpska pejacka molzela krava i takvi sranja. neka ja vidat malku programskata sema na Rai Uno pa ke vidat kako se pravi gledana televizija. cel den covek moze da gleda Rai i ic da ne mu zdosadi. ima se i za secij vkus, od najrazlicni emisii, showa, kvizovi, filmovi, serii, koncerti, sport, dokumentarci i se od domasna produkcija.
Од: јас
Датум: 18.11.2010 17:16:57
Добро бе , кој Ве тера од 60-70 канали , баш да ги гледате Пинк 15, Сител , МРТВ и останатата боранија, која емитува по цел ден само турски , индиски и српски „ЃУБРЕ“ - серии и програми... Па дал Господ , тука се Fox, National Goegrafic, DIscovery и да не ги спомнувам другите канали... Го знаете вицот кој „одеше “ на времето со една серија , мислам Касандра беше : Коефицинетот на интелигенција е обратно пропорционален од бројот на гледаните епизоди..Па , са��о затупувате од разно разни фарми , Бандини, Шехерезади и останати глупости...Дајте малку погледајте нешто друго...
Од: dr
Датум: 18.11.2010 17:30:10
Profesorke ne se zgrozuvate od razni sapunici od drugi na nas ne bliski jazik i drzavi. Samo negativno se gleda vo se, pa ako ne vi se gleda svrtete kanal
Од: vesna
Датум: 18.11.2010 17:30:48
Gluposti televizite rabotat dodeka imaat publika- ako nikoj nema da gi gleda nema problemi - nikoj so sila ne gi tera makedonskite gragani da gledaat srpski programi ili bugarsksi ili britanski . gledaat sto sakaat -
Од: Mislenje
Датум: 18.11.2010 18:10:18
Nekoi od komentarite se nejasni. Pr. političkite implikacii za nekvalitetot na makedonskite televizii, ili pak za beljata koja što će ja proizvel kičot na Pink TV. Moe mislenje e deka televizijata vo MK e užasno neinventivna i dosadna. Ne deka Pink ke donese nešto novo. Nema gajle turskoindiskoportugalskojužnoamerički i dr bozički i ponatamu ke se konsumiraat. Lila, Vučič,Faktor X,Suyana i Žanko, Igor i ostanatite ke si čučat na fotelji i ke se zanesuvaat deka se Opri i Letermani, a nas ni ostanuva izborot za pritiskanje na kopčeto.
Од: Mitko
Датум: 18.11.2010 19:49:10
Подобро српски кич - отколку мтв, сител, канал 5 (ако се пишани со мали букви - тоа го покажува нивниот квалитет)!
Од: Djoko
Датум: 18.11.2010 21:29:53
Ми се чини дека одамна се гледаат американски и филмови и и друг вид емисии во Македонија , па никој не протестираше. Никој нема право од МК да прави медиумски гето. Нека македонските уметници направат такви емисии кои ке им парираат на српските и српските сами ке се повлечат. Ете македонската народна песна никогаш нее протерана од српскиот музички простор. Па и песните на покојниот Тоше не се скинати ниту од една програма на српскиот радиодифузен простор. И на крај се што е убаво и на Господа му е мило , а не на обичен човек и за убавото и доброто нека граници нема.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 18.11.2010 23:49:21
Pusti Makedonci : " Na muci se poznaju junaci" ne e srpsko,crnogorsko e ! Se uplasivme od Srbite !!?? A od kogo ne se plasime !? Od Bugarite ili pak od Albancite !!?? Jas sum Makedonec,sekade i sekogas sum go kazuval toa, a pokraj majciniot makedonski go zboruvav !! i srpskiot kako majcin !! I ne se posrbiv !! Edno morame da priznaeme,ako od nekogo na ovie balkanski prostori imame da ucime toa se Srbite!! A sund ima na site jazici i na angliski i francuski i germanski,ama na istite tie jazici ima i kultura i umetnost i nauka !!A koj sto ke si izbere licno pravo !! Zatoa pusto Makedonce ne se plasi tuku napred " Vo borba ,vo borba Makedonski narode " za poveke kultura , umetnost ,nauka !! A sto doslo dobre doslo ako e za arno !!
Од: case lomim ruke mi krvave
Датум: 19.11.2010 03:06:33
Za zalenje sme nie Makedoncite. Bugarofilite ne branat od srpskoto vlijanie, Srbomanite od bugarskoto, zakoravenite Yu nostalgicari seuste ne ubeduvaat deka nie Makedoncite treba da si ostaneme Yu (ncinja) , grcite ne branat od imeto, i tka vo nedogled. Niz Makedonija eci edna kasa popara od sund muzika bez nikakvi regionalni obelezja - kasa popara od turska, iranska, azijska... Za onie sto naviknale da si go cenat svoeto i nekoi trajni kultoroloski vrednosti i nebi trebalo da ima nekoj golem problem. Makedonskata muzika ne izumira - taa i natamu sozdava trajni vrednosti koi sosedite samo gi prezvakavaat. Edinstveno e zalosno sto ne se rascisti so beneficiite sto se davaat na odredeni TV kanali. Isto taka zakonot za emituvanje na stranski sodrzini treba doslovno da se ispocituva... "Ej kafano da bog da se zapalila (ili pozlatila)" - zavisno od koj agol prioadjate
Од: vladimir
Датум: 19.11.2010 05:50:52
sum protiv taa kic muzik abez razlika dal e srpska bugarksa grcka ili ne znam makedonska ali toa sto najveke se gleda srpska televizija se slusa srpska muzika se komuncira so toj narod mislam deka e normalno ist narod sme mali raboti en delat a i sme ziveele dolgi godini zaedno mesani brakovi i sto uste ne!
Од: Тасо
Датум: 19.11.2010 09:46:45
Пардоксот во МК е тоа што Влада која манифестира најголем вербален патриотизам, всушност со безкритично пуштање на српска културана продукција, со амин на Совет за радио дифузија, ја србизира МК. Ние веќе културно-идентитетски сме сменети. На свадби се веселиме со српска музика. Младите, родени по 1990 година сите го разбираа српски 100% благодарејки на преголемата консумација на српската култура во МК.. Предвидувам дека за 20-30-ина години по менталитет ние Македонците нема да се разликуваме од Србите. Дали тоа некој го сака во Мк ?
Од: Гоце
Датум: 19.11.2010 10:09:15
Читам и се чудам... Во Македонија се може да пројде ќутешкум, ама кога ќе има по некоја српска емисија дежурните србомрзци не не оставаат на раат со своите дегенски изјави, било да се новинари, било да се граѓани... Македонецот глава не може да крене кон телевизорот од стотина Турски, Индиски, Шпански, Бразилски и што знам уште какви не, ама тоа не е проблем... проблем е Српската емисија... Е Македонче, Македонче... Но сепак фала Богу што таквите србомрзци се многу малку иако успеваат да дигнат голема прашина и да го изнервираат македонскиот народ, за тој да им врати со уште поголема гледаност на српските емисии... Понекогаш се прашувам, што ли ќе гледавме на телевизија, ако не беа SURVIVER, Се за љубав и други...

Најди! во Утрински
Политика
Власта ги бојкотира изборните новини
Новинарите в сабота на избори
Вранишковски приведен во Бугарија како српски граѓанин
Утре ќе работат само училиштата
Конфискацијата на земјиштето спорна за Уставен
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region