Утрешниот Ден на дрвото, 19 ноември, ќе биде неработен за сите, освен за училиштата. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека за училиштата овој ден ќе биде работен, но место редовна настава тие ќе треба да одржат настава во природа. Оттаму појаснуваат дека за разлика од училиштата, градинките нема да работат, како и другите државни институции. Денот ќе се одработи идната сабота.
Сепак, за тоа како ќе работат училиштата на Денот на дрвото не знаеја да објаснат во Министерството за образование и наука. Тие само појаснија дека утрешниот ден е неработен. Недоумица имаше и во училиштата каде што ни кажаа дека не ги известиле како ќе се работи на Денот на дрвото. (Ж.Ѓ.)
Me interesira dali vo SVETOT ima nekade NERABOTEN den pa potoa da se ODRABOTUVA... Pa ostavete ne na mira so vashite interesi finansiski....
Од: Пчеличка
Датум: 18.11.2010 15:41:42
Аха, ќе биде неработен... јас ќе работам и утре и идната сабота...и оваа сабота :(
Од: lide
Датум: 18.11.2010 15:47:58
vo rim sum godina vreme...ne se odrabotuva nikogas neraboten den t.e.den koj sto od vladata e proglasen za praznik...duri i koga nastavnicite strajkuvaat sto se desava cesto...ne s eni spomnuva odrabotuvanje na izgubenoto vo sabota...ova e nevideno....podobro neka ne gi stavaat tie ''nerabotni denovi''
Од: Секој ден неработен
Датум: 18.11.2010 18:48:49
Ако утре е неработен ден за вработените (читај администрација), предлагам нас Невработените кои немаме партиска книшка, да ни овозможи државата, на овај неработен ден ние да работиме т.е. да видиме како е да бидеш вработен!
Ве молиме барем еден ден да видиме како е да си вработен!!!
Од: Трпе
Датум: 18.11.2010 19:15:50
Во Румунија,за време на владеењето на демократијата на Чаушеску,се прогласува неработни денови за берба на пченка.Еј Македонио,земјо демократска до кое дереџе стигна.Но маке��ончето си трпи,трае и молчи.Сигурно ова го заслужува.