Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Политика

Конфискацијата на земјиштето спорна за Уставен

Подносителот на иницијативата, Мирослав Грчев, задоволен од судската постапка

За уставните судии нема дилема дека е незаконски да се конфискува земјиште на кое е изграден објект без соодветно одобрение. Судот вчера поведе постапка за членовите 138 и 140 од Законот за градба донесен минатата година, кои и' дозволуваат на државата да ги одземе објектот и земјиштето под него во случај кога ќе биде констатирано дека се гради без градежна дозвола.

Судот ја поведе постапката затоа што овие законски одредби овозможуваат да биде одземена и сопственоста над земјиштето и над објектот што е изграден во рамките на одобрението за градење, со што се доведува во прашање уставно загарантираното право на сопственост и се создава правна несигурност кај граѓаните.

До Уставниот суд имаше поднесено неколку иницијативи за утврдување на уставноста на двата члена од Законот за градба. Меѓу подносителите беше и професорот Мирослав Грчев. Тој е задоволен од поведената постапка. Сепак, според него, конечната одлука дали одредбите ќе бидат поништени или укинати, нема некое големо значење од практичен аспект, бидејќи, како што појаснува, Законот во овој дел и досега не се применуваше, што само по себе покажува колку бил неприменлив.

„Нема дилема за епилогот од постапката, бидејќи ова значи дека Уставниот суд утврдил основаност за оспорување на законитоста и уставноста на одредбите. Добро е што Законот во овој дел беше неприменлив, па досега нема направено никакви штети, но постојат иницијативи поднесени до Уставниот суд, чие одлагање за решавање остава простор за последици со несогледливи штети“, вели Грчев.

Спорните членови 138 и 140 од Законот за градење предвидуваат кога инвеститорот гради или изградил објект спротивно на одобрение за градење, градежниот инспектор да донесе решение со кое во катастарот се запишува дека објектот и земјиштето под него се залог во корист на државата или општината. Истовремено определуваат и пенали во вредност од три проценти од вредноста на објектот, кои инвеститорот ќе ги плаќа се' додека не ја усогласи градбата со одобрението за градба. Доколку, пак, три месеци последователно не се плаќаат пеналите, може да се изврши промена во катастарот на сопственост и заложното право да се трансформира во право на сопственост од страна на државата и на општината. Пеналите се наплатуваат присилно според Законот за извршување. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 545 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Битка за профитот од српскиот кич
Власта ги бојкотира изборните новини
Новинарите в сабота на избори
Вранишковски приведен во Бугарија како српски граѓанин
Утре ќе работат само училиштата
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region