Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еко��омија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Стечајот зема данок во смрт

Во последните три години се самоубиле 15 стечајци, а над 200 починале како последица на стрес

Маја Томиќ

Поради тешката материјална положба по затворањето на фирмите во кои работеле, во Битола, во период од само два месеца во 2009 година, самоубиство извршија двајца стечајци, кои со години биле без работа. Едниот со пиштол, а другиот се обеси. Првиот имал 56, вториот 57 години. Во овој град пропаднаа повеќе големи индустриски капа��итети, како што се „Пиварница“, „Жито Битола“, „Бетон“, „Битолатекс“, „Монтинг“, „Фринко“. Се претпоставува дека на улица останаа стотици лица постари од 50 години, кои ниту ги исполнуваат условите за пензија ниту можат да најдат работа. Поради возраста, не го будат интересот кај приватниците за вработување. Државава е полна со стечајци, кои не знаат како да ја добијат битката во борбата за егзистенција. Ги има повеќе илјади, а точната бројка како никој прецизно да не ја знае. Дел од нив работеле во некогашните државни претпријатија, дел се од фирми од поновото, пазарно време.

Над 200 стечајци од целата земја во последните неколку години се починати, а 15 се самоубиле. Тоа го покажува евиденцијата што за своите членови ја води Здружението на стечајци „Унит“ од Куманово. Оттаму велат дека ќе се зголемува бројката затоа што многу стечајци се болни, а се истовремено и социјални случаи, значи немаат пари за да купат лекови ниту да платат за операција. Додаваат дека Здружението се труди да им помогне и се обидува по разни канали да им обезбеди средства, веќе за две лица се нашле пари за лекување.

Додека помладите полесно се снаоѓаат и поедноставно ја преживуваат својата животна драма кога ќе останат без работа, постарите доживуваат тешки трауми. Посебно оние со над 50-годишна возраст, кои никој не сака да ги вработи. Се' поголем број од нив умираат од разни болести, најчесто срцеви, што ги добиваат како последица на психичката траума што ја доживуваат кога ќе останат на улица. Некои, пак, сосема умствено попуштаат и посегнуваат по својот живот, не гледајќи спас од финансискиот колапс.

За разлика од жените, повеќе страдаат мажите-стечајци, веројатно, затоа што, како глава на семејството, многу потешко ја доживуваат ситуацијата на губење на работното место.

Одењето под стечај е стрес, а стресот го доживува секој оној што не може да се адаптира во новонастанатата животна ситуација, губење работно место, останувањето без егзистенција за издржување на семејството, неможноста за школување на децата.

Психијатарот Ѓорѓи Чадловски вели дека стресната состојба е акутна реакција на организмот, која ако трае подолго, лесно преминува во депресија. Ако и неа човекот не успее да ја совлада, тогаш паѓа во пострауматско растројство. Ако и таа состојба трае подолго време, тие личности посегнуваат по сопствениот живот, вели тој.

„Последиците од стресот се индивидуални, се' зависи од психата на човекот. Сепак, луѓето сами тешко можат да си помогнат во таква ситуација, треба да побараат лекарска помош“, објаснува Чадловски. Тој нагласува дека од почетокот на транзицијата досега многу е зголемен бројот на пациенти што останале без работа.

„Сите досегашни случаи на самоубиство на стечајци се на лица постари од 50 години, кои не можат да најдат работа и не знаат како да си го прехранат семејството. Во последните три години има 15 самоубиства во земјава, во Куманово, Струмица, Штип, Битола. Некој решил да си го одземе животот фрлајќи се од зграда или од мост, а еден се самозапали“, вели Лилјана Георгиева, претседателка на „Унит“.

Голем дел починале и од срцев удар, додава Георгиева. За една и пол година умреле над 50 стечајци во земјава, од кои повеќе од 30 се од Куманово. Голем е бројот и на оние од Велес и од Прилеп, каде што се затворија голем број фирми, вели таа. Ниту едно од семејствата на починатите стечајци не сака јавно да зборува за своите животни судбини.

Стечаецот Ласте Наковски лани есента на 54-годишна возраст се обеси, оставајќи две деца и жена. Тогаш неговите колеги-стечајци коментираа дека неговото самоубиство следело само неколку дека откако пратениците во Собранието не го донесоа Законот за стечајци, со кој тие бараа да им се обезбеди редовен месечен надомест од 6.000 денари до пензионирање или до повторно вработување.

Од Здружението на стечајци „Приоритет“ од Прилеп, велат дека е голем бројот на починати стечајци како последица на разни болести што ги навлекле од стресот што го доживеале кога останале без работа. Не го знаат нивниот точен број, а случаи на самоубиства немало во овој град. Дополнуваат дека до пред некоја година во Прилеп имало околу 1.000 стечајци со повеќе од 25 години стаж и со старост од над 50 години, но дека се сега помалку, затоа што дел од нив добиле месечен надомест од државата од по 5.000 денари месечно, според законските новини на Владата пред околу две години. Најголем дел од стечајците од Прилеп се од некогашните „Микрон“, „Металец“, „Црн бор“, „Еуроламинати“.


#
Статијата е прочитана 1045 пати.

Испрати коментар

Од: Laska
Датум: 24.06.2011 00:31:25
Se e toa maslo na BC i na nikoj drug....
Од: zrak
Датум: 24.06.2011 08:17:20
pa jas se cudev zosto se tazni grujo i b.c,tie zalele za ovie.E duri se samoubivaat,, politicarite ke teraat po svoe;reformi i kriza za siromaviot sekogas
Од: Трпе
Датум: 24.06.2011 09:56:19
Сега државата има други приоритети.Народот е смртен а спомениците остануват вечни.Ако Бранко или Цацко бил виновен за стечајците,каде се наоѓа денешната власт која по трет пат ги добива гласовите од живите луѓе.Каде се нивните ветени инвеститори за отварање на работни места иако ги нудат како робови за најефтина работна рака.Ако возрасните се самоубиват поради неможност да најдат работа.Дали има некој анализирано колку млади паѓат во депресија поради тоа што некои имат створено и семејства а сеуште чекат од родителите.Не е далеку времето кога со ваков начин водење на држава ,недајбоже побрзо ке оди под стечај и ке банкротира земјата и од Грција.Некои радувајки се на неволјите на соседот неможат да ги видат сопствените проблеми.

Најди! во Утрински
Политика
Парламентарците доаѓаат утре
Загрозено здравјето на штрајкувачите
10 прашања
Земја од Битола на гробот на Ајри Демировски

"""