|
|
|
|
|
|
Земја од Битола на гробот на Ајри Демировски
БИТОЛА - Земја од гробот на Ајри Демировски во Измир е донесена во Битола и ставена пред Саат-кулата каде што е посадено дрво на творецот на светски препознатливата песна „Битола мој роден крај“. Од истото место во Битола ќе биде однесено парче земја за неговото вечно почивалиште во Турција.
Со ваква необична мисија во Битола дојде чиракот на Демировски, Фадиљ Мерсини, со намера да ја исполни и последната желба на Ајри. „Посакал земја од саканата Битола на неговиот гроб. Тоа и' го каж��л на неговата сопруга. Јас ја остварив неговата желба“, изјави Мерсини во Битола.
Во 2006 година локалната самоуправа го прогласи Демировски за почесен граѓанин на Битола. Тој во 1955 година го напушти родното огниште. Од љубов и носталгија ја напиша најубавата песна, која битолчани во 2000 година ја избраа за песна на векот.
„Ајри плачеше секогаш кога мислеше на Битола“, раскажува Мерсини.
Во меѓувреме, во Турција е при крај изработката на документарниот филм посветен на животот и на работата на Ајри Демировски, во кој ќе има место и за необичната мисија на чиракот Мерсини. (А.Б.)
|
#
|
Статијата е прочитана 802 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Hanz |
Датум: 24.06.2011 21:38:43 |
|
E moi Bitolcani na ovoj covek da mu izgradete spomenik kako golemiot voin vo skopje, oti toj e vecen i ce bide vecen so negovata ljubov kon rodnoto mesto i tatkovina, iako bil prisilno isteran od togasnata vlast vo turcija, no korenot mu bil od zemjat pod tumbe kafe, pa sega popravetea greskata za vecniot umetnik i post human bitolcanec.
. |
|
|
|
|
|
|
|
|