САД и Кина ќе продолжат со стимулативни мерки
Вашингтон - САД и Кина се договорија да продолжат да преземаат агресивни мерки за стимулирање на своите национални економии до крајот на светската криза. Висок службеник на американското министерство за финансии соопшти дека Вашингтон и Пекинг се договориле да не ги скратуваат државните трошоци за оживување на економијата во брзо време, бидејќи тоа може да доведе до нов пад.
„Ниту една од двете страни, меѓутоа, не сака и да чека многу долго, за да не се оформат нови дисбаланси и да ’не се надуваат нови балони“, истакна истовремено Дејвид Ливингер, постар координатор во министерството за кинески прашања. И САД и Кина применуваат планови за стимулирање на своите економии во услови на светска рецесија, што предвидуваат доставување на милијарди долари. (МИА) |