Број 3048  среда, 29 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Економско - политичка криза во Европа

Финансиско-економската криза што кон крајот на минатата година го зафати светот, веќе го зема данокот во многу земји ширум Европа, како во стопанството, така и во политиката. Една третина работници во Европа се многу загрижени, бидејќи се плашат дека може да ја изгубат работата поради сегашната финансиско-економска криза, потврди истражувањето кое го спроведе заводот за статистика на Европската унија „Евростат“.

Најновата анкета покажа дека граѓаните се' уште не им веруваат на политичарите и на економистите, кои последниве денови тврдат дека најлошото поминало и оти се забележуваат првите знаци за заживување на стопанството. Шест од десет Европејци сметаат дека најлошото допрва треба да се случи и оти ова било само почеток, покажа најновата анкета. Песимизмот е најмногу присутен во балтичките земји, додека Швеѓаните и Данците се уверени дека кризата достигнала кулминација, па сега може да се очекува економско зајакнување.

Сегашниот песимизам во Европа, според процената на „Евростат“, пред се', се темели на исклучително големата невработеност, што последниве месеци ја зафати Европа. Стопанството се соочи со рецесија, фирмите банкротираат, економскиот раст стагнира или е во пад, не се отвораат нови работни места. Напротив, многу фирми се принудени да ги отпуштат работниците и службениците, бидејќи се нашле пред банкрот.

Според најновите податоци, рекордна стапка на невработеност е забележана во Шпанија - 18,7 отсто, Литванија - 16,3 проценти и Естонија - 15,6 отсто. Сега во најдобра ситуација се Холандија и Австрија со невработеност од 4,3 отсто, и Кипар со 5,3 отсто.

Кога кон крајот на минатата година и на почетокот на оваа финансиско-економската криза ги зафати светот и Европа, сите влади, без исклучок, беа принудени да усвојат мерки за штедење за да се справат со рецесијата и со длабокиот пад на стопанството. Цената мораа да ја платат тие што најмалку имаат - работниците и службениците. Тоа предизвика големо незадоволство и бран на штрајкови ширум Европа, Грција, Бугарија, Франција и балтичките земји. Презадолжениот Исланд беше прва развиена земја во светот, која банкротираше и сега бара итна постапка за да влезе во Европската унија. Економската криза веќе го зема политичкиот данок, а таа беше главен виновник за падот на владите во Софија и во Рејкјавик. (Според агенциите)


#
Статијата е прочитана 303 пати.

Испрати коментар

Од: Лавица
Датум: 29.07.2009 07:39:24
За економската криза во светот единствен виновник е Груевски и неговото ВМРО. Ако гласавме за СДС и за нивната непостоечка економска програма, во светот ќе настанеше препород, ќе завладееше вистинска благосостојба или таканаречен комунизам, ќе немаше невработеност - милина една.
Од: Phanagoria
Датум: 29.07.2009 10:05:09
Samo da pojasnam... Vladana vo Sofija ne padna, a si go zavrsi chetiri-godishniot mandat. I da podsetam, za poslednite 4 godini Bugarija ima budgetski suficit ot po 3, 3.5% i fiskalen rezerv od 8,25 miliardi leva, koj sto ke go pokrie eventualen deficit bez namesata na MMF. Levot ima 100% pokritie vo evra vo uslovi na valuten bord i se ocekuva skoro da se prisoedini kon EVM II. Pozdrav od Danska!
Од: Кичево до flying-monaco и мачорката
Датум: 29.07.2009 13:47:33
Вие двајцата извадете ги розовите (портокаловите) очила и разберете еднаш за секогаш дека секој што не размислува како ДПМНЕ не е одСДСМ. Економските експерти од цел свет ја најавуваа оваа криза пред една година, а нашите што??? или толкав им е капацитетот??? СДСМ не го биваше и си доби но овие од ДПМНЕ ќе го добијат повеќе.... Поздрав

Најди! во Утрински
Економија
Еврото со рекордна вредност во однос на доларот
Власта призна, Македонија е во рецесија
Јовановски го повика Ставрески на дуел
Ставрески ретерира за Законот за енергетика
Мобилките и Интернетот растат, паѓа фиксната телефонија
САД и Кина ќе продолжат со стимулативни мерки