Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

На Скопје му треба промена со нови форми

„Сивилото и еднообразноста на Скопје треба да се промени со нови форми, со шаренило и разиграност на формите и ликовно обликување“ е ставот на Елизабета Аврамовска, ликовен уметник и професор на Архитектонскиот факултет, изнесен на вчерашната работилница „Ликовно обликување на градот“, што е дел од проектот „Скопје - метропола“. Аврамовска смета дека бојадисувањето на зградите не претставува уметност и дека е потребно да се размисли на кој начин и со кој објект или инсталација ќе се промени градот.

Според Љубиша Никодиновски - Биш, уметнички директор на МОТ, Скопје има десетина објекти кои претставуваат примери за добра архитектура, како што се Филозофскиот факултет, Факултетот за ликовна уметност, Музејот на современата уметност. „Но, има и недовршени комплекси, како Македонската опера и балет и Транспортниот центар, кои се, исто така, добри решенија, но треба да се дообликуваат. И Градскиот парк, според проектот, бил замислен како Дизниленд, но сега во него остануваат скршени мостови“, истакна Никодиновски.

Ставот на студентите-учесници на работилницата е дека на Скопје му недостасуваат слободни катчиња за интеракција и дружење меѓу младите. Тие потенцираа дека одредени скулптури поставени во центарот на градот имаат негативна симболика и не припаѓаат на просторот. (С.Н.)


Статијата е прочитана 454 пати.

Испрати коментар

Од: xxl
Датум: 03.12.2008 07:49:53
Sekoja cest na umetnicive no ako sakaat da mu pomognat na Skopje neka pocnat da razmisluvaat za tenderi ,dogovori vo cetiri oci, javni nabavki i drugi majmunluci sto gi прави Трифун

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Инспекцијата ќе го отстрани рекламното пано на Наша ТВ
На местото на тополите ќе се садат млади дабови, јавори и багреми
Тендерот за двокатните автобуси пролонгиран до 20 јануари