Берлускони не се дава
Рим - Италијанскиот премиер Силвио Берлускони вчера изјави дека е оптимист и смета оти ќе го „преживее“ гласањето за доверба на владата во декември, предупредувајќи дека во спротивно ќе бидат распишани предвремени избори.
Владата на Берлускони има проблеми со опстанокот откако претседателот на Претставничкиот дом, Џанфранко Фини, ги повлече своите министри од кабинетот и побара од премиерот да поднесе оставка.
Обраќајќи им се на новинарите Берлускони истакна дека отворањето на криза е неодговорен чин.
На прашањето дали верува дека ќе дојде до формирање на нова влада, тој одговори дека не верува оти тоа може да се случи, нагласувајќи дека е потребна силна влада.
Италијанскиот Парламент ќе гласа за доверба на владата на Берлускони на 14 декември, а еден ден претходно премиерот ќе се обрати пред законодавниот дом. |