Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

На Македонија и' треба ефикасна децентрализација и фер избори

Македонија има најцентрализирана власт во Европа, сметаат некои градоначалници

ОХРИД - На Македонија и' треба брза и ефикасна фискална децентрализација, но и фер и демократски локални и претседателски избори. Владата мора да ги реши проблемите со сопственоста на државното градежно земјиште и да им го отстапи на општините.

Ова го порачаа амбасадорите кои вчера во Охрид учествуваа на конференцијата посветена на три години од процесот на децентрализацијата што ја организираа ЗЕЛС и Канцеларијата на ОБСЕ во Македонија.

„Претстојните локални и претседателски избори мора да бидат добро организирани, да има фер- кампања и да се исклучи насилството и заплашувањето на граѓаните. Во овој процес, покрај централната, свои обврски имаат и локалните власти“, нагласи евроамбасадорот Ерван Фуере.

Тој оцени дека напредокот во фискалната децентрализација е мал, бидејќи на некои општини не им се помага во расчистување на старите долгови, што е услов за влегување во втората фаза на овој процес.

Вицепремиерот Ивица Боцевски не одговори на забелешките на Ерван Фуере во врска со бавноста на фискалната децентрализација. Боцевски објасни дека процесот тече, а дека соработката со ЗЕЛС функционира одлично.

За локалните и претседателските избори Боцевски рече дека Владата почнала со интензивни подготовки и ги определила основните задачи за фер и демократски процес во кој обврски ќе имаат и актуелните раководства на општините.

На забелешките од странските амбасадори за бавната фискална децентрализација се надоврзаа и дел од градоначалниците кои сметаат дека Македонија има најцентрализирана власт во Европа.

„Статистиката покажува дека општините во Македонија трошат седум проценти, а централната власт 93 отсто од вкупната јавна потрошувачка. За разлика од нас, во Чешка тој процес е 59 отсто, а во Данска 65 проценти од јавната потрошувачка“, предочи градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Според него, треба јавно да се признае дека Македонија е поназад во децентрализацијата и од Косово, Србија и Босна и Херцеговина.

Претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, оцени дека локалните власти имаат уште многу предизвици, ��собено во делот на обезбедувањето сопствени приходи. Општините и натаму бараат 50 отсто од закупнината на земјоделското земјиште да биде нивни приход, а за поголема финансиска самостојност од централната власт предлагаат зафаќањето од ДДВ, наместо три, да биде шест отсто, а од персоналниот данок да користат 30 проценти. (С.И.)


Статијата е прочитана 126 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Македонија во ЕУ е дел од агендата на Франција
Без олеснување на визниот режим со Велика Британија
Каракачанов предлага бугарски државјанства за македонските бранители
Работилница за е-демократијата и е-комуникацијата
Груевски во Велес се пофали со стечајците
Милошоски- Во НАТО на достоинствен начин
Караманлис со благодарност на Обама за името