Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Политика
04.12.2008, 18:42

Милошоски: Во НАТО на достоинствен начин

Јадранската група вчера официјално беше проширена со Босна и Херцеговина и Црна Гора

Хелсинки - Босна и Херцеговина и Црна Гора вчера официјално станаа членки на Јадранската повелба. Документот го потпишаа на состанокот на земјите на Јадранската група што се одржа во Хелсинки на маргините на 16. сесија на Министерскиот совет на ОБСЕ, со кој претседаваше македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

Документот го потпишаа министрите за надворешни работи на сите земји од Јадранската повелба, Македонија, Албанија, Хрватска, САД, БиХ и Црна Гора, а одлуката да се поканат овие две нови земји да се придружат е донесена во септември оваа година на состанок на групата на маргините на Генералното собрание на ОН. Придружувањето на двете нови членки се случува во време кога Македонија претседава со Јадранската повелба.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, обраќајќи се на состанокот, изрази задоволство од приклучувањето на БиХ и Црна Гора во Јадранската група, како и подготвеност за поддршка на двете земји кои ги очекуваат своите НАТО-акциски планови за членство.

„На Самитот на НАТО во Букурешт, две од трите земји од Јадранската група, Хрватска и Албанија, беа поканети во НАТО и тие почнаа и успешно ги завршија преговорите за пристап. Денес овие земји се пред вратата на НАТО, очекувајќи реализација на полноправно членство на самитот на НАТО во 2009 година. Очекуваме тие земји да бидат гласот на земјите од регионот во НАТО, бидејќи работата на Балканот во делот на интеграциите се' уште не е завршена“, рече министерот Милошоски.

Според него, процесот на интегрирање во НАТО за Република Македонија и по Самитот во Букурешт нема алтернатива. „Република Македонија ги исполни критериумите за членство во Алијансата, но ќе се приклучи кога ќе и' се овозможи да го направи тоа на достоинствен начин“, рече тој. (МИА)


Статијата е прочитана 997 пати.

Испрати коментар



Работилница за е-демократијата и е-комуникацијата
Груевски во Велес се пофали со стечајците
Без олеснување на визниот режим со Велика Британија
Караманлис со благодарност на Обама за името
Каракачанов предлага бугарски државјанства за македонските бранители
На Македонија и' треба ефикасна децентрализација и фер избори
Македонија во ЕУ е дел од агендата на Франција



prilepcanec, 05.12.2008 00:22:14
Pa takae koga nie ne odime napred drugite ke ne stignat i zaminat zatoa sto pobrzo odenje na vladata toa podobro za makedonija. Crvenkovski zasekogas!!!!!!!!!!!
mene, 05.12.2008 00:32:15
ovoj ne se nauci da pravi razlika od diplomatija za ispolnuvanje interesi i recitiranje prazna kicevska poezija. i ovoj ne pretstavuva po svetot - sreka sto nigde ne go kanat dodusha
Vlado Masalko, 05.12.2008 01:55:11
"mene"treba da sfatis deka toj ja pretstavuva Makedonija i prekini so tvoeto pettokolonashko recitiranje!!!
stole, 05.12.2008 02:09:10
so vakva vlada site ke si gi docekame vo jadranskata grupa i ubavo ke si gi ispratime vo nato i eu a nie ke si sedime sami vo grupata i dostoinstveno ke cekame, cekame.......samo neznam do koga?
Vikjo, 05.12.2008 08:55:37
Браос! Сите сте цвеќиња! Да ве праша човек зашто не влеговме во НАТО, никој нема да знае (од вас со коментариве)!!! САКАТЕ ДА СЕ ВИКАТЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА???? САКАТЕ ДА СТЕ СВЕРНОМАКЕДОНЦИ ЗА ДА СТЕ ДЕЛ ОД НЕКОЈА ВИРТУЕЛНА ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА КАДЕ ЌЕ ГИНАТ НАШИ ВОЈНИЦИ!?!? Она што го бараат Бившо-отоманците од грчкиот регион е да нема народ да нема нација да нема држава!!! Друго, Бранко е сувишен на оваа држава и треба да си отиде, ДААААААЛЕКУ!!!! А не туку да се чеша, аболира и работи за партијата “која ја создал“! Ако нешто создал тоа е мафија и босови кои сега пуздер прават! АКО НЕКОЈ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ ТОЈ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕКОЈ ГРАЃАНИН И НЕ ПРАВИ РАЗЛИКА ВО ПАРТИИ!!!! Милошоски барем не е лицемер како БЦ, туку се труди на соодветен начин да Ви каже дека не вреди НАТО или ЕУ ако немате НАЦИЈА ИЛИ ДРЖАВА!! Крај краева, СИТЕ СМЕ СЕ ФАНАЛЕ ЗА ЕУ И НАТО КАКО СЛЕП ЗА СТАП!!!!! ШТО ЌЕ НИ ДАДАТ ОНИ НАС!? Пари? Визи? Аааа да, ние сме луѓе кои кога ќе нема визи ќе се растуриме од шетња по свет
Albanec, 05.12.2008 10:33:27
Da bides drzavnik treba da imas stav, fizicki stav! Milosovski za zal toa go nema. Covekov izgleda kako da e nervozen sekogas, vo sekoj moment, so sekogo, kako da mu smeta sekoj, i se odnesuva na nacin "samo jas znam, vie ne znaete"! Politickite gafovi (koji verovatno nie ne gi znaeme) sto ga napravil ovoj covek sigurno dovele do ova do kade e denes Makedonija! A denes Makedonija ne e nikade za vasa informacija. Sakate da prifatite ili ne, denes MKD duri ne ja racunat za seriozna tokmu od vulgarniot izled i vulgarnoiot pristap na sefot na diplomatijata! Sefot na diplomatijata mora da ima prisoten odnos so negovite homolozi, mora da se nasmee i togas koga e mnogu tesko da se smee! Milosovski ne znae da se smee, zatoa treba da se vrati vo Germanija i neka si go pecali svojot leb so druga rabota, ne e za drzavna diplomatija detevo ednostavno.
Narod, 05.12.2008 11:58:49
И така ... догодина во НАТО ќе влезе и Босна и Црна Гора. Како што тргнало и Србија и Косово ќе влезат пред нас. А ние ќе живееме на ѓубриштето на Балканот плачејќи дека ‘никој не не сака‘ но тие наши плачки сами ќе си ги слушаме затоа што ќе бидеме надвор од се‘. Уште пострашно, ќе мора да гледаме владини реклами засилени и надградени, како ЌЕ живееме подобро, како ЌЕ бидеме балкански ‘тигар‘, како вистината ЌЕ излезе на виделина, како ЌЕ станеме лидер во регионот ...
Hunza, 05.12.2008 12:47:02
Do Albanec: Pa moze on da ne smee da se smee zosto negoviot gazda se ne smee :-)
04.12.2008, 19:04

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Ситен дожд

Недела
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Понеделник
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |