Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

ПИТЕР ЏЕКСОН

Режисерот прогласен за витез

Режисерот на филмската трилогија „Господар на прстените“, Питер Џексон, прогласен е за витез на церемонијата во Велингтон, главниот град на Нов Зеланд. Одликувањето му го врачил шефот на државата, генералниот гувернер, сер Ананд Сатјананд, во име на британската кралица Елизабета Втора. Титулата витез му е доделена за придонес на уметноста на Нов Зеланд.

Џексон ја примил оваа почест, заблагодарувајќи им се на сите луѓе што му помогнале да снима филмови.

„Снимањето филмови не е соло-напор. Во тоа се вклучени стотици, илјадници луѓе, па ова одликување го примам во името на целата индустрија“, навел режисерот. Џексон ја започнал кариерата работејќи на нискобуџетни филмови, а се вивна во холивудскиот врв со трилогијата „Господар на прстените“, според романите на Џ.Р. Толкин. Последниот филм од серијалот освои 11 „оскари“, а Џексон потоа го сними римејкот на „Кинг Конг“ и неодамна „Прекрасни коски“.


#
Статијата е прочитана 358 пати.

Испрати коментар

Од: nov zeland
Датум: 29.04.2010 12:45:05
e kade ja najdovte ovaa slika, covekot ima oslabeno 100 kila od ovdeka

Најди! во Утрински
Забава
Ѓоко Танески доби амајлија за среќа со ликот на Мајка Тереза
Македонските манекенки повторно во Фиренца
Анџелина на колена пред Бред
Отвори хотел во највисоката зграда на светот