БРАНЏЕЛИНА
Анџелина на колена пред Бред
Анџелина Џоли, една од најубавите жени на светот, клекнала и ја побарала раката на својот невенчан сопруг Бред Пит. Неименуван извор тврди дека секси Енџи смета дека е дојдено времето да ја озакони својата врска со Бред.
„Анџелина одново се вљуби во Бред и сака официјално да се венчаат. Затоа клекнала и му ја побарала раката“, тврдат извори за американските медиуми.
Се наведува дека Бред и Анџелина ќе имаат мала и интимна свадба, далеку од медиумите и јавноста. Покрај тоа, познато е дека и двајцата се хуманирано активни, па не сакаат да фрлаат пари на скапи свадби. Повеќе би сакале да уплатат некаков износ во хуманитарни цели. |