Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

АКАДЕМИЈА ИТАЛИЈАНА

Македонските манекенки повторно во Фиренца

Минатата недела дваесетина манекенки од Македонија учествуваа на модната ревија на Академија Италијана во Фиренца, Италија. Тие заедно со своите колешки од Италија претставија над 150 модели од студентите на Академијата во Фиренца, Рим, Бангкок, Шангај и во Скопје. Ова спектакуларно модно шоу се одржа во театарот „Сашол“ во Фиренца во фантастична атмосфера, со присуство на околу 2.000 луѓе во публиката. Во публиката како специјални гости присуствуваа светски познатиот моден дизајнер Џон Ричмонд, Москино, Џејмс Ејвори - режисерот на филмот „Соба со поглед“ , кои добија специјални признанија лично од директорот на Академија Италијана, Винченцо Џуба. Делот на ревијата на кој се претставија студентите од Македонија (трета година едноподруго), беше испратен со голем аплауз и одобрување.

Нашата екипа, составена од студентите - Јована Филиповиќ, Младен Цветков, Искра Џокиќ и манекенките од модното студио „Црнокрак“, од „Макмоделс“, од „Моделс ин“, од „Пантер моделс“ и од „Њу лук“ беа предводени од директорката на Академија Италијана - Скопје, Јасмина Митева, и од сопственикот на модното студио „Црнокрак“, Мики Црнокрак.


#
Статијата е прочитана 573 пати.

Испрати коментар

Од: Gorce
Датум: 29.04.2010 07:48:06
Imate greska od makedonija nekoi od manekenkite ucestvuvaat po petti pat kolku sto accademiaitaliana e prisutna vo makedonija.

Најди! во Утрински
Забава
Ѓоко Танески доби амајлија за среќа со ликот на Мајка Тереза
Анџелина на колена пред Бред
Режисерот прогласен за витез
Отвори хотел во највисоката зграда на светот