Споменикот за битолските бранители ќе биде ангел
БИТОЛА - Ангел што воскреснува, дело на скулпторот Ангел Коруновски од Велес, кој го претставува раѓањето, животот и смртта, е најсоодветно решение за споменик на загинатите бранители од Битола. Споменикот, кој ќе биде висок седум метри, се предвидува да биде поставен во паркот, пред градскиот часовник во Битола. Оваа информација за идното спомен-обележје се обелодени вчера, на деветгодишнината од масакрот во Вејце. На конкурсот беа пријавени четворица автори, а нивните дела се ставени на јавна презентација во битолската Магаза. Процесот на реализирање спомен-обележје за загинатите бранители во конфликтот во 2001 година од Битола сега се префрла во општината. (А.Б.) |