Првпат по девет години, чествување на местото на злосторството
Гојко Ефтоски
ТЕТОВО - Првпат по девет години, вчера во Вејце, местото каде што се случи едно од најтешките злосторства во конфликтната 2001 година и каде што загинаа осум припадници на АРМ, се одбележа годишнина од настанот. Во месноста Бреза е поставена мермерна спомен-плоча на која се испишани имињата на загинатите.
Чествувањето за убиените специјалци го организира Здружението „Достоинство“, а присуствуваа родители, членови на нивните семејства и роднини. Присутните положија букети свежо цвеќе и запалија свеќи. Одбележувањето помина мирно, достоинствено, но и емотивен, а најблиските не можеа да ги скријат солзите за своите најмили.
По овој повод повод, делегации на АРМ вчера положија цвеќе на спомен-обележјето пред командата на баталјонот за специјални намени „Волци“ во касарната „Илинден“ во Скопје и пред спомен-обележјата во село Бунарџик, во Македонска Каменица, Куманово и на градските гробишта во Бутел -Скопје.
„Дојдовме да се поклониме на местото каде што беа ѕверски убиени нашите деца. Тие ги дадоа своите млади животи за Македонија“, со солзи во очите и немир во душата им се обрати на присутните во Вејце, Живко Божиновски, татко на загинатиот припадник на МВР, Марјан Божиновски од Битола. „По девет години, успеавме организирано да го посетиме местото на трагичниот настан. Во 2001 година тука дојдов само еден ден по трагедијата, доживувајќи тешка траума на самото место“, рече претседателот на „Достоинство“, Стојанчо Ангелов.
Марин Најдов, претседател на разгранокот „Достоинство“ од Тетово ја изрази почитта за загинатите бранители, нагласувајќи дека сеќавањето е болно. „Храброста беше основна карактеристика на овие наши соборци. Тие го надвладеаја стравот од непознатото, од неизвесноста и храбро тргнаа во одбрана на земјата, впишувајќи се во листата на најголемите синови на Македонија“, рече Најдов.
Во исто време во Соборната црква „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово се одржа панихида за покој на душите на осумтемината, со која чиноначалствуваше прота Мирко Станковски.
На 28 април 2001 година организирана диверзантско-терористичка група на ОНА, во која имало 30-ина до заби вооружени терористи го нападнаа конвојот од четири возила на АРМ и МВР и на ѕверски начин ги убија и живи ги запалија Роберт Петковски од Бунарџик, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје и Миле Јаневски од Македонска Каменица, сите припадници на „Волците“ на АРМ и Марјан Божиновски од Битола, Илче Стојановски од Поро��ин, Кире Костадиновски од Горно Оризари и Бошко Најдовски од Долно Оризари, Битолско од единицата „Тигри“ на МВР.
Sevo ova go napravija "Borcite za prava" i uste baraat da im se dadat penzii!SRAMOTA!
Од: Pirinec
Датум: 29.04.2010 01:15:31
Поклон од Бугариjа ! Вечна памет на героите !
Од: imer-minhen
Датум: 29.04.2010 07:27:19
da pocivat vo mir,zalosno za izgubenite zivoti. prashanje: sto barale tie vo Vejce,i drugo zosto sega nikoj-nisto ne ti pravi vo Vejce,i treto zosto vo taja grupa volci nemalo drugi pripadnici na drugi narodi sto sega gi ima vo sostavot na ARM. Razberete ednas za segogas,deka RMKD e multietnicka drzava,i sekoje nepravda,moze na site nas da ni kosta losa IDNINA, a najlose ke pominat jadnite siromasni mladinci-a ne politicarite. samo za info,vo 2001 god,nieden sin na politicarite ne izgubi zivot vo konfliktot.blagodaram
Од: jane s
Датум: 29.04.2010 07:47:03
zarem za ova treba komentar neka se podzamisli vla
data so kogo treba da sadi tikvi
Од: Mene
Датум: 29.04.2010 09:11:01
Vecna slava na zaginatite braniteli.
Bidejki Imer postavi prasanje red e da mu se odgovori. Odgovor na prvoto e dali Vejce e vo RM ili mozda del od Kosovo pa trebaat mozda kontrola da imaat KZK. Vtoro, ne samo sega tuku i togas na nieden lojalen gradjanin od Vejce ili od bilo kade ne mu falelo vlakno od glava. Treto ne znam za procenti ama sekogas povtoruvam lojalnite (gi ima malku) bile i ke bidat del ne samo od volcite tuku vo site institucii, a za toa povelete imate albanski partii vo vlasta pa neka se borat. No ako mene licno me prasate poveceto albanci seuste sonuvaata za Golema Albanija i toa uspesno go koristat za zaveduvanje kon upotreba na oruzje. Ima uste no mozebi vo druga prilika. Pozdrav od Mene.
Од: lile prilep
Датум: 29.04.2010 09:59:42
Pa vaka dali se potrebni komentari pa i ne se i se, jas gi sakam site lujđe i mislam deka se site dobri samo gi sitlacijata pravi loši, pa me zanima zošto albanskiot narod koji živeje i se rodil vo makedonija ne svati oti deka je makedonija nivna a ne kosovo niti albanija, i neznam zošto se ubivat svojite lujđe makedoncite se nivni prijateli a ne albancite od kosovo ili albanija togaš neka odat vo kosovo ili albanija jas albancite od makedonija gi poštuvam kako i mojte makedonci oti nije sme site del od makedonija jas bar taka mislam , veruvam vo makedonija deka moži da živeje mirno , nejzinite stanovnici da se dobri i pošteni lujđe, da makedonija odi napred da se dobro živeje oti nije site je imame samo nea majka makedonija živejela ti većno
Од: jas
Датум: 29.04.2010 14:02:15
sevo ova go napravija vlasta, amerika i site tie politicki igri i scenarija... treba da se zapalat zivi tie sto davaa komandi da ne se puka a nasite da gi ubivaat... sigorno nekoj znael i za ovaa zaseda.... aaaaaaaa!!!!!